Конкурс за најдобра фотографија, во Вес Андерсон концепт

Го викаат мајстор на извонредна филмска тага, кој се справува со свет, светкав и совршен. Виртуозот, во истовремено прикажување на патетиката како болна и духовита, со толку карактеристичен стил. Секогаш знаете кога гледате филм на Вес Андерсон.

Училиштето за мудрости и вештини, инспирирано од неговата енигматската режисерска естетика – пастелите, боите, симетријата и смелите текстури, ги повикува сите љубители на делата на Вес Андерсон, да земат учество на пријателскиот:

default


Правилата се следни:

 

1. Фотографиите мора да се согласуваат со универзумот на Вес Андерсон и да ги одразуваат техниките, карактеристични на неговиот стил. 

*училиштето Никулец подготви Водич за филмовите на Вес Андерсон, кој би ви помогнал во подобро запознавање со неговата техничка прецизност.

2. Фотографиите мора да бидат лично дело на авторот. 

3. Секој учесник може да учествува најмногу со 3 фотографии.

4. Пријавените фотографии треба да бидат во дигитален .jpg или друг формат, со висока резолуција.

5. Краен рок на испраќање на фотографии е 10 мај, 2015.

6. Конкурсот е отворен за секој љубител на делата на Вес Андерсон.

7. Училиштето Никулец, ќе организира изложба на доставените фотографии на Вес Фест настан посветен на делата на Вес Андерсон. За настанот, како и за наградите, нема да должиме во оваа прилика, но откриваме дека ќе бидат пропорционални со мотивот. Ќе следат и понатамошни настани во чест на учесниците на Конкурсот.

8. Изборот за најдобра фотографија, ќе се одвива со гласање од самите љубители.

Фотографиите испратете ги на секретарката на нашето училиште, г-ѓа Пандора Прут, на pandora.prut@nikulec.com. Во секој момент може да ја најдете во нејзината канцеларија. Таа го има и одговорот на сите ваши прашања.

Доколку сте уметник, инспириран од Анџелика Хјустон, од дисфункционалното семејство на Бил Мареј и начинот на кој се нурнува во длабочината на морето, како и од тивки фотографии на совршена симетрија, откријте дека не сте сами.

tumblr_n2ltnrKMF41qj7j8lo1_1280

“Wes Anderson Inspired Still Life”
Randi Butler, 2014
Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.