Дали Вес Андерсон е дизајнерот на Северна Кореја? Одлучете.

Кога слушаме за Северна Кореја, обично се работи за широко распространето угнетување, луд врховен водач, огромен, недоизграден хотел во кој никој не престојува. Но, она што не го слушаме е нивното чудно, весело чувство за дизајн и апсолутната посветеност на пастелни бои. Тоа се нештата кои архитектонскиот критичар Oliver Wainwright ги пронајде кога ја обиколи земјата. Истакна дека прецизно уредените ентериери, личат на сетовите од пријатен филм на Вес Андерсон. Вели:

Во секоја реновирана зграда која ја посетивме, постои невообичаено конзистентен стил на предучилишни колоритни шеми и сјајни синтетички површини, пастелни палети и аксијална симетрија, која дава едно морничаво чувство на зачекорување во филм на Вес Андерсон…кич од типот на градинка, е следниот логичен чекор за режимот, со намера да се проектира слика за безгрижен просперитет. Тоа е анестетик архитектура – моќна алатка на државата за да го направи својот народ инфантилен.

Како успеа Северна Кореја да дојде до таква смисла за дезајн? Никој друг освен Ким Џонг Ун не успеал да наведе такви принципи во 160-странична расправа на тема архитектура, објавена во 1991 година.

„Основниот услов за усогласување на целиот архитектонски простор во градот“, пишува Џонг Ун, „е во фокусот на споменикот на лидерот, обезбедувајќи ја неговата водечка улога во формирањето на архитектурата на градот“.

Така, култот на личноста на земјата е сретнат не само во импонзантните споменици или масовните собири, туку и во дизајнот на својата архитектура.

SAMSUNG CSC

SAMSUNG CSC

SAMSUNG CSC

SAMSUNG CSC

SAMSUNG CSC

SAMSUNG CSC

SAMSUNG CSC

oliver-wainwright-north-korea-4

SAMSUNG CSC

1149782

 

Текст: Радмила Бошкова

radmilda

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.