Один

Один (старонордиски „Óðinn; старо-англиски и саксонски „Woden“; старо-германски „Wuotan“, „Wotan“, „Wodan“, или Woðanaz) е еден од најкомплексните и енигматични ликови во нордиската митологија.


Владетел е на групата божества по име Аесир, иако често заталкува надвор од нивното кралство Асгард на долги, осамени патешествија низ космосот на неговите чисти и лични интереси. Тој е неуморен трагач и дарувач на мудрост, но не ги зема многу во предвид општите вредности како правдата, почитувањето на законите и спогодбите. Тој е божествениот патрон, како на владетелите така и на отпадниците. Бог е на војната, но и на поезијата. Обожуван е и од оние во потрага по чест, углед и благородништво, но често е сметан и за превртлив измамник.

Името на Один може да се протолкува како „Господар на Екстазата“. Старото нордиско име на Один – Óðinn, е формирано од два дела: првиот дел се содржи од именката „óðr “ – екстаза, највисок степен на одушевување, силен восхит, инспирацијавториот дел е суфиксот „inn “ – член за машки род, кој кога се додава на крајот на зборот, означува нешто како „господар на …“ или „совршен пример за…“.

ikonkamalaodin

Историчарот од XI век, Адам од Бремен, го потврдува овој став кога го преведува „Один“, како „Силниот“. Óðr може да завзема безброј различни форми. Како што го опишува една сага:

Кога седеше со своите пријатели, го развеселуваше духот на секој од нив, но во војна – неговото однесување беше застрашувачки мрачно.

Таа екстаза која ја отелотворува и дава Один, е обединувачки фактор зад голем број области од животот, со кој тој посебно се поврзува: војна, суверенитет, мудрост, магија, шаманизам, поезија и мртвите.

Војна и суверенитет

Во популарната култура, Один е често прикажуван како еминентно, почесен владетел и командант на бојното поле (неверојатно мускулест). Но, меѓу древните Нордијци, тој бил сосема различен. Спротивно од благородните и чесни богови на војната како Тир и Тор, Один поинаку го поттикнува мирниот народ да застане пред она што претставува чиста, злобна радост.

 

drashodincrnobelВо согласност со неговите асоцијации кон суверенитетот, Один, генерално не е засегнат од просечните воини, туку преферира да ги дарува своите благослови на оние достојни за него.

Одржува особено блиски врски со берсеркерите (викиншките воини) и со други „воинствени шамани“, чии борбени техники и духовни практики центрираат кон постигнување состојба на естетско обединување, со одреден жесток тотем на животно, вообичаено волци или мечки, а со самиот Один, како господар на таквите ѕверови.

Один, не е главно засегнат од причините и исходот зад секој конфликт, туку од искрената, хаотична хистерија на битката (една од главните изрази на Один), која шири таков агонизам.

Како главен на групата божества Аесир, тој е боженствен архетип на владетел. Легендарен основач e на бројни кралски лози. Германските, како и другите индо-европски народи, првично имале три нивоа на социјална/политичка хиерархија: првиот ред се состоел од владетели, вториот од воини и третиот од земјоделци и останатите кои се занимавале со производство и плодородие

Один, заедно со Тир, одговара на првиот ред на владетели. Клучната разлика меѓу Тир и Один, во овој поглед, се состои од тоа што Тир е повеќе поврзан со владеењето на законот и правдата, додека пак Один е поврзан со правилата на магијата и лукавството. Тир е трезен и доблесен владетел – Один е лукавиот, мистериозен и инспирирачки владетел.

Парадоксално, но Один е често омилениот бог и помошник на одметниците, на оние кои биле протерани од општеството поради некое грозоморно злосторство. Како и самиот Один, голем број од таквите луѓе биле исклучителни воини, поети апатични кон воспоставените општествени норми. Егил Скалагримсон (Сагата за Егил) и Гретир Смундарсон (Сагата за Гретир Силниот) се примери.

Во доцниот XII век, данскиот историчар Саксо Граматик, раскажува приказна во која Один е 10 години протеран од Асгард, за боговите и божиците да не бидат оспорени од грдиот углед кој Один го стекнал меѓу народот.

Без оглед на нивниот општествен статус, мажите и жените кои ги фаворизирал Один се одликуваат по интелигенцијата, креативноста и компетентноста во добро познатата „Војна против сите“. Дали таквите луѓе, на крајот станувале кралеви или криминалци, е повеќе прашање на среќа.

Мудрост и магија

Една од најголемите разлики меѓу монотеистичките и политеистичките теологии е дека во минатото Бог бил, генерално оној кој сите го знаат, сите го сакаат, семоќниот и слично. Политеистичките богови не негуваат ниту една од овие работи – како секој човек, дрво, сокол, тие се ограничени од своите посебности. За Один, секаков вид на ограничување е нешто што треба да се надмине со сите неопходни средства и неговите дела ги врши во контекст на немилосрдие и безмилосна потрага по уште поголема мудрост и знаење, моќ – вообичаено, магиска.


Една од највпечатливите карактеристики на неговиот изглед е неговото едно, остро око. Другата очна дупка е празна – окото кое некогаш се наоѓало таму, било жртвувано за мудрост.

Во друга прилика, Один „самиот си се жртвувал“, обесен на светското дрво – гигантскиот јасен Игдрасил. девет дена и ноќи, без да добие никаква грижа од своите придружници. На крајот од ова искушение, го забележал рунското писмо, магичната, древна, германска азбука за која се вели дека сорджи многу големи тајни за постоењето.

Конкурентната страна на Один, го натерала да се спротистави на најмудриот од џиновите, предизвикувајќи го на натпревар во кој ќе се види кој има повеќе знаење и мудрост. Наградата била главата на поразениот. Один победил, запрашувајќи го џинот прашање чиј одговор само тој го знае. Потоа ја примил наградата и се вратил во Асгард.

Заедно со Фреја, Один е еден од најголемите практичари на шаманизмот. Неговите духовно-шамански патувања се добро документирани. Сагите се доказ дека често „патувал кон далечни земји, по своја или туѓа задача“, додека на другите им се чинело дека спие или пак дека е мртов.


Один е придружуван од гавраните Хугин и Мунин (Мисла и Памет), волците Гери и Фреки (Алчен и Ненаситен),  осумногиот коњ Слеипнир, како и од валкирите.

Шаманите вообичаено се подложуваат на ритуалот на смртта и повторното раѓање, со цел да се здобијат со своите моќи. Друга главна форма на германскиот шаманизам се содржи во рамките на магичната традиција позната како „сеид“ – Один и Фреја се најпознатите, боженствени практичари. Во традиционалното германско општество, за човек да би можел да се вклучи во сеид, било потребно ефикасно да се откаже од улогата на машкиот пол, што значело потценување. Но, сагите велат дека, тоа не било пречка за некои мажи. И Один не бил ослободен од таквите „не-маженствени“ обвиненија, па бил потсмеван за прифаќање на женски особини и задачи – дел од столбот на сеидот.

Поезија

Один зборувал низ песни. Ја украл медовината на поезијата, исконскиот извор на способноста да се зборува и пишува прекрасно и убедливо, од џиновите. Ја поделил на одредени богови, луѓе и други суштества, кои ги сметал за достојни. Старото нордиско име на медовината е Óðrœrir, „Мешалката на Óðr“, кадеóðr“ (екстаза, највисок степен на одушевување, силен восхит), е секако коренот на името на Один.  Овој опоен напиток, е уште една манифестација на преплавеност од екстаза, со моќта која ја дава.

Мртвите

Кога Римјаните пишувале за боговите и божиците на другите народи, генерално ги идентификувале со божествата од нивната, сопствена религија. Кога го споменувале Один го објаснувале како Меркур, римскиот психопомп (митолошки придружник на душите во подземниот свет). Ова е значајно бидејќи прикажува дека поврзаноста на Один со смртта била позабележлива од неговата поврзаност со војната – во спротивно, Один би бил поистоветуван со Марс (таа титула, вообичаено припаѓа на Тир или Тор).

Один претседавал со Валхала – најпрестижното живеалиште на мртвите. По секоја битка, тој и нековите придружници – валкирите, („избирачи на паднатите“), го прочешлуваат бојното поле, избирајќи половина од паднатите воини, кои потоа ги носат во Валхала (другата половина ја зема Фреја).

Один бил чест добитник на човечки жртви, особено од кралските семејства, од благородници, како и од непријателските армии. Тоа генерално се остварувало со копје, со бесилка, или со двете – на истиот начин на кој самиот Один се жртвувал.

Неговата магична уметност во комуницирање со мртвите и нивно воскреснување, е често забележувана. Иако постојат неколку причини поради кои Один ја одржува размената со мртвите, меѓу кои е и желбата за мудроста и знаењето кои го поседуваат, можеби најзначајна е неговата желба да има што е можно повеќе од најдобрите воини на негова страна, во моментот кога ќе треба да се соочи со волкот Фенрир за време на Рагнарок – иако знае дека е осуден да умре во битката.

Сéтаткото

Едно од многуте имиња на Один, е и Сéтатко (старонордиски Alfaðir ), како „татко на сите богови“ (Снори Стурлусон). Како што споменавме, Один е боженствениот поредок на бројни фамилии од цела северна Европа. Истовремено е бог од групата Асир, од Ванир, како и џин (неговата мајка е Бестла, една од првите ледени џинови)

Од сето ова, што можеме да забележиме за идентитетот на Один?

Один е првобитната сила која го проникнува животот. Тој е желбата за моќ што живее во срцето на светот, со која космосот вечно се стреми да се надмине, да расте, да се развива и да замине во мирување. Шаманите, воините, владетелите, одметниците, поетите и волшебниците кои уживаат во заштитата на Один, се најголемите амбасадори на „ óðr “ – крајната и бесусловна  сила на животот.

Текст: Радмила Бошкова

radmilda

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.