Фреја

Фреја (старонордиски Freyja – „дама“) е една од најистакнатите божици во нордиската митологија. Таа член на групата божества Ванир, но станала и почесен член меѓу боговите Аесир, по војната меѓу нив. Нејзин татко е Нјорд. Не е познато која е нејзината мајка, но би можела да биде Нерта. Фреј е нејзиниот брат. Нејзиниот сопруг, по има Од во старонордиската литература, е секако, кој друг, ако не Один и соодветно, Фреја е на крајот идентична со жената на Один, Фрига.

Wardruna: "Rotlaust tre fell"

 

Во нордиската митологија, Фреја е божица поврзана со љубовта, сексуалноста, убавината, плодноста, вредните материјални добра, магиската практика – сеид, војната и смртта. Фреја го поседува ѓерданот Брисингамен, вози кочија влечена од две мачки, ја чува дивата свиња Хилдисвини крај себе, поседува наметка од пердуви од сокол која и овозможува да се претвора во сокол и со својот сопруг Од, има две ќерки – Нос и Герсими. Фреја владее со нејзиното небесно, задгробно место Фолкванг („полето на народот“, „домот на војувањето“), каде ги зема половина од воините кои умираат во битка, додека пак другата половина оди во холот на богот Один, Валхала

4019e4bb0968fc5b969e8fdd4cd00f0f

Фреја им помага на останатите божества, овозможувајќи им да ја користат нејзината пердувеста наметка, повикувана е за работи поврзани со плодноста и љубовта и е често е барана од јотуните, кои сакаат да им биде сопруга.  Во една од едите, Локи ја обвинува Фреја сексуални интриги со сите богови (што е веројатно точно), вклучувајќи го и нејзиниот брат. Таа е секако страсен трагач по задоволства и возбуди, но претставува нешто многу повеќе од тоа. Фреја е архетип на волва, практичар на магиската практика сеиднајорганизираната форма на Нордиска магија, која била главно резервирана за припадничките на женскиот пол. Фреја била првата која ја донела оваа уметност меѓу боговите, како и меѓу луѓето. Земјаќи ја во предвид нејзината експертиза во контролирање и манипулирање со желбите, здравјето и просперитетот на другите, таа е суштество за чие знаење и моќ, речиси не постои еднаков.  

волвафреја

Сеид е форма на претхристијанска нордиска магија и шаманизам, која се занимава со остроумната судбина и менувањето на нејзиниот правец, преку отплетување на дел од нејзината мрежа. Оваа моќ може да се примени за сé што би можеле да си замислите. Во периодот на Викинзите, волвата била патувачка пророчица и маѓепсница, која патувала од град во град, извршувајќи задачи преку сеидот, во замена за сместување, храна, како и други форми на надомест. Како и кај другите северни, евроазиски шамани, нејзиниот социјален статус бил мошне амбициозен – била возвишувана, умилостувана, славена, по неа се копнеело, но од неа се влевал и страв. Фреја и нејзината улога на волва меѓу боговите, се наведува во сагите и едите. Во периодот на „Големата преселба на народите“ (Völkerwanderung), од 400-тата до 800-тата година, а со тоа и во периодот кој му предходи на викиншкото доба, личноста која подоцна станувала волва, одржувала многу потребна и универзално призната улога меѓу германските племиња. Една од основните општествени практики во тој период, бил воениот одред – цвртсто организирана, воена заедница, со која претседавал кралот или војсководецот и неговата сопруга. Улогата на сопругата на водачот, според римскиот историчар Тацит, била да го предвидува исходот од предложениот план за акција со помош на дивинација и да влијае на тој резултат, со помош на активна магија, како и да ги служи воините со алкохол во посебна чаша, која претставувала моќен симбол на времена и духовна сила во периодичните ритуални празници на воениот одред.        

dvete

Додека старонордиските литературни извори, кои ја формираа основата на нашето сегашно познавање на претхристијанската германска религија, ни ги претставуваат Фреја и Фрига како номинално различни божици, нивните сличности се значително големи. Сепак, нивните разлики се површни и можат да се објаснат советувајќи се со историјата и еволуцијата на германскиte божици, кои Нордијците ги поделиле меѓу Фреја и Фрига, непосредно пред конверзијата на Скандинавија и Исланд во христијанство (околу 1000-тата година). Како што наведовме, божицата на периодот на преселба, која подоцна станува Фреја, била жена богот кој подоцна станува Один (старонордиски „ Óðinn“). Сопругот на Фреја е именуван како Од (старонодриски „Óðr“, чие значење е екстаза, инспирација), име кое е речиси идентично со она на Один. Один е едноставно зборот „Од“, со машкиот определен член (-inn) – додаден на крајот. Двете имиња, потекнуваат од ист збор и го имаат истото значење. Од е мрачен и ретко споменат лик во старонордиската литература. Постои еден пасус, кој ни кажува нешто за неговата личност и за неговите дела и одвај има поврзаност со Фреја. Потекнува од Прозаичната Еда и раскажува како Од, постојано одел на долги патувања, со што Фреја била често забележувана како лее солзи од црвено злато поради неговото отсуство. Голем број од приказните кои го вклучуваат Один, раскажуваат за неговите далечни патувања низ Деветте Светови, до тој степен што се чини како да е почесто надвор од Асгард, отколку во Асгард. Многу од неговите бројни именувања, алудираат на неговите талкања, или пак се имиња кои тој ги презел за да го прикријат неговиот идендитет, додека патувал. Фреја и Фрига, се слично обвинувани за неверство над својот сопруг (очигледно истиот).

frejaiodin

Во една од сагите се раскажува како Один бил прогонет од Асгард, оставајќи ги свoите браќа Вили и Ве одговорни. Како дополнение на превземањето на кралството, тие, исто така, редовно одржувале сексуални односи со Фрига, до враќањето на Один. Самата Фрига е претставена како волва. Откако Локи ја клевети за нејзиното неверство, Фреја го предупредува дека Фрига ја знае судбината на сите суштества, навестувајќи дека има моќ да ја промени, доколку сака. Имињата на двете божици се особено интересни. „Фреја“, „дама“, е повеќе титула, одошто име – сродно на современиот германски збор „Frau“, кој се користи на ист начин како англиската титулаMrs. Во периодот на Викинзите, скандинавските и исландски аристократски жени, понекогаш биле нарекувани „freyjur“, множина од „freyja“. „Фрига“ пак, доаѓа од античкиот корен, што значи „сакан“.  Затоа името Фрига, се поврзува со љубовта и желбата – токму оние области од животот со кои Фреја претседава – едното име е идентично со атрибутите на другото, а другото пак претставува генеричка титула, наместо уникатно име. Најпосле, мошне е јасно дека двете претставуваат иста божица. Но, тука се поставува прашањето: 

Зошто се портретирани како различни во старонордиската литература?

freja1Германската митологија ја стекнала својата основна форма, во периодот на Големата преселба на народите и согласно на тоа, претставува митологија која е особено погодна за социо-политички практики и преовладување на начинот на живот, карактеристичен за таа ера. Темелот на оваа шема, се парот божества Фрија и Водан, свештеничка, пророчица во германските племиња и соодветно, водачот на воениот одред.

Во добата на Викинзите, формалните воедни одреди од минатиот период, отстапувале место на неформални, често безлидерски групи на скитнички воини – Викинзите. Бидејќи воениот одред повеќе не бил одлика на животот на Нордијците, митолошките структури кои го придружувале, изгубиле голем дел од својата важност. Штом Один повеќе не се сметал за конкретен водач на воениот одред на боговите, ниту пак Фреја/Фрија за негова свештеничка и пророчица, се појавила можност нивните улоги да се реинтерпретираат. Во дел од оваа реинтерпретација, од непознати причини, било веројатно вклучено и разделувањето на Фрија во две божици – процес што се чини како никогаш целосно завршен, туку прекинат од пристигнувањето и прифаќањето на христијанството.

Текст: Радмила Бошкова

radmilda

Видео: Hildisvini (Фреја и дивата свиња Хилдисвини)
Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.