Wardruna се враќа со последниот долгоочекуван албум од рунската трилогијата:  Runaljod – Ragnarok
Wardruna - Runaljod – Ragnarok

Откако со музиката помогнаа во ширењето и автентичноста на популарната серија Викинзи, откако ги здружија силите со метал составот Enslaved во чест на Норвешка, од каде произлезе феноменалниот проект Skuggsjá, откако учествуваа во создавањето на фестивалот London by Norse кој привлече илјадници приврзаници на нордиската култура во март годинава и по два, смирувачки и духовно вкоренети албуми, Wardruna се враќа со последниот долгоочекуван албум од рунската трилогијата:

RunaljodRagnarok на 21-ви октомври, годинава.

Тесно поврзан со своите претходници, но со уште по инзвонредна, интензивна и автентично хипнотизирачка атмосфера, ова е единствениот албум без вокалот Kristian ‘Gaahl’ Espedal. Но, како дополнение, нуди нови елементи – скандинавските бронзени мамци и детскиот хор, чие присуство во песната Wujo, заедно со децата на вокалот Einar Selvik, претставува обединување на повеќе генерации во слоевитоста на духовниот звук. Како и претходните, така и овој албум е тесно поврзан со руните.

Веќе е објавена песната Odal за која Selvik вели:

„Odal го претставува семејството, културното наследство, но и наследството во поширока и метафоричка смисла. Сериозната и одразувачка поезија, претопена во звукот на детскиот глас, за мене претставува многу силна експресија сама по себе. Но, ваквата тематика како појдовна точка, снимајќи ја оваа песна со моите две деца, за мене е многу емотивна и само се надевам дека ќе биде јасно видливо во крајниот резултат“. 

Целосната листа на песни:

novalista

Текст: Марија Јовановска

marulka

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.