Викиншка куќа

Центар на животот и случувањата во викиншкото доба била куќата. Во неа, освен што луѓето наидувале на топлина, храна и засолниште од суровите временски услови, се релаксирале и со друштвени игри и музика. Се разбира тоа било и местото каде поетите ги раскажувале своите приказни за боговите и хероите од минатото.

Wardruna - Heimta Thurs

kukjapresek

 

Викинзите во Скандинавија првенствено граделе од дрво, иако во некои области се користел камен и тресет, особено во Норвешка. Викиншките домови на Исланд, Гренланд и Фарските Острови, се исто така градени од камен и тресет.

Нема зачувани дрвени куќи во Скандинавија, бидејќи дрвото се разградувало со текот на годините, но одредени локалитети ни дваат доволно археолошки докази за тоа како овие домови би изгледале и кои предмети постоеле во внатрешноста на викиншкиот дом. На пример: трагите од столбови во почвата, им овозможуваат на археолозите да ја проценат должината и распоредот на дрвената градежна конструкција.

Галерија: Раконструкција на викиншка куќа

 

Благодарение на тоа, познато е дека основниот облик на викиншките куќи бил ист ширум Скандинавија. Тие биле правоаголни, понекогаш со долги криви ѕидови и со варијации во должината. Некои ископини пронајдени во близина на Сединг, Данска, се долги околу 50 метри, додека во Лофотен, Норвешка, пронајдена е куќа долга цели 83 метри. Она што е чудно и единствено за сите пронајдени викиншки куќи, е ширината на истите, коjа е ретко повеќе од 5 метри.

Оттука, многу јасно е зошто се нарекуваат викиншки долги куќи  (анг.Viking Longhouse).

Текст: Марија Јовановска

marulka

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.