Валкири

Валкира (старонордиски valkyrja, „избирачи на убиените“) е женски дух, кој му е од помош на богот Один. Современата претстава за валкирите како елегантни, благородни жени кои ги одбираат и водат паднатите воини во Валхала, е во голема мера точна како високо селективен портрет кој ги истакнува нивните пријатни квалитети. До одреден степен, оваа тенденција кон прочистување е присутна дури и во подоцнежните старонордиски извори, кои пак се фокусираат на љубовните авантури на валкирите со луѓето и нивното помагање на Один во пренесувањето на неговите омилени воини убиени во битка, кон Валхала, каде ќе се борат од негова страна за време Рагнарок.

Колку што денес можеме да кажеме, валкирите отсекогаш имале вакви карактеристики, но во паганскиот период биле многу позастрашувачки. Значењето на нивното име, „избирачи на убиените“, се однесува не само на нивниот избор за кој добива место во Валхала, туку и на нивниот избор за кој умира во битка; со користење на злобна магија се уверувале дека нивниот приоритет, ќе доведе до реализација. во Едите и Сагите има многубројни примери на валкири кои одлучуваат кој живее и кој умира.f4afbaeae7f670b30a97dbb02adfbdc7

Грозоморната страна на валкирите е сликовито илустрирана во Darraðarljóð, песна содржана во исландската „Сага за изгорениот Нјал“. Во песната, дванаесет валкири се забележани пред битката кај Клонтарф (северен Даблин, Ирска) како седат на разбој и ја ткаат трагичната судбина на воините (активност која многу потсетува на норните – наречниците ). Ги користеле цревата како конец, отсечените глави како тегови, а ножеви и стрелите како тресалки, додека ги извикувале своите намери со застрашувачка радост.

Оваа претстава се потврува кога ќе се свртиме кон традицијата на другите германски народи. На пример, меѓу Англо-саксонците, валкирите (староанглиски wælcyriе) биле женски духови на крвопролевањето. Келтите, со кои Нордјците и другите германски народи биле ангажирани во плодна културна размена низ бројни векови, имале свои слични суштества, како што се божиците на војната Бадб и Мориган.

Дали согласно нивната љубов или крвожедните модалитети, валкирите е најдобро да се протолкуваат како дел од обемниот и динамичен комплекс на шаманизмот, кој ја обзема претхристијанската, германска религија. Слично како гавраните Хугин и Мунин (Мисла и Памет) – тие се проекции на делови на Один, полу-одвоени битија.

Текст: Радмила Бошкова

radmilda

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.