Валхала

Валхала (старонордиски Valhöll, „холот на паднатите“) е холот каде богот Один ги сместува оние кои ги смета достојни да живеат со него. Ова не е награда за морално однесување – повеќето од оние кои добиваат пристап во Валхала, се славни воини собрани со цел да дојдат на помош во судната борба за време на Рагнарок.

Løyndomsriss - Wardruna

Старонордиските песни ја отсликале Валхала прекриена со штитови и копја и чувана од волците и орлите. Тоа е место на постојана борба, веројатно со намера за усовршување на вештините на воините за војната против Фенрир. По секоја меѓусебна борба, воините седнуваат на заедничка маса во холот.

Писатели пишуваат за Валхала, како да е дел од Асгард, но старонордиските извори, не нудат такви извори. Најблиското нешто до оваа идеја, кое можеме да го истражиме, доаѓа од песната „Речта на Гримнир“ :

Земјата е света,

Која лежејќи ја гледам,

Во близина на боговите и џуџињата.

Но, оваа „света земја“ може да биде секаде – подеднакво е веројатно, со оглед на пантеистичкиот и анимистички карактер на претхристијанската нордиска/германска религија, дека би се одесувала и на Kосмосот како целина, не единствено на Асгард.  „Речта на Гримнир“ продолжува со описи на голем дел од остатокот на Kосмосот, појаснувајќи ги холовите на боговите, без никакви индикации дека тој остаток не е дел од „светата земја“.

Каде се наоѓа тогаш Валхала? Литературните извори, како и археолошките откритија, силно сугерираат дека тоа е дел од подземјето, кој тешко се разликува од Хелхајм – најопштото именување на подземниот свет.

znakvalhala

Како што наведовме, поетите зборуваат за континуирана битка која се одвива во Валхала, како еден од дефинирачките карактeристики на местото. Токму такво место, е опишано и во други рани извори. И самото име Valhöll – „холот на паднатите“, се чини дека е подоцна изведено од името Valhallr – „карпата на паднатите“, именување на одредени карпи и ридови каде мртвите биле забележани дека се наоѓаат, имено во јужна Шведска – една од најголемите историски седишта на обожувањето на Один.

Единствениот страронордиски запис, кој ја прави сигурна разликата меѓу Валхала и Хелхајм, е прозаичната еда на Снори Стурлусон. Снори, христијанскиот учител од XIII век, тврди дека оние кои умирале во битка биле земани во Валхала, додека оние кои умирале од болест или старост, се наоѓале во Хелхајм по заминувањето од земјата на живите. Но, очигледно го противречи овој опис кој го дава за Хелхајм – приказната за смртта на Балдур, единствениот син на Один кој бил насилно убиен и сепак пренесен на Хел. Не постои друг извор кој ја прави оваа разлика – неколку ја оспоруваат – што значи дека ваквата својственост е, секако, откритие на Снори.

Очигледно, древните Европејци од северот не истакнале апсолутна разлика меѓу Валхала и останатите холови на мртвите. Поради тоа, за Валхала, не би погрешиле доколку би ја сметале за подгрупа на поголемото подземје.

 

Текст: Радмила Бошкова

radmildabelocrna

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.