Скади

Скади (стародордиски Skaði ) е јотунка и божица која се поврзува со планините и зимата во нордиската митологија.  За нејзинто име постојат две објаснувања: тоа е или идентично на старонордискиот збор skaði, со значње „штета“, или пак доаѓа од друг, германски корен, зачуван во готскиот збор skadus и староанглискиот sceaduдвата со исто значење – „сенка“. Името е веројатно поврзано со регионот Скандинавија, но дали Скади го позајмила своето име согласно пространството, е неизвесно.2709d917150259.562b6647db4d8Скади живеела на највисоките планински врвови, онаму каде снегот никогаш не се топел. Била страсна ловџика, а лакот и стрелата, скиите и чевлите за снег се нејзините најспоменувани атрибути. Некогаш била во брак со богот на морето, морските ветрови и рибарството Нјорд, но истот бил осуден на пропаст. Нјорд не можел да го издржи студот и депресивноста на планината, а Скади пак не ја поднесувала светлината и бучавата во домот покрај морето. Затоа одлучиле да се разделат.

border4

skadinjord


Била ќерка на џинот Тјаци, кој бил убиен од страна на боговите бидејќи ја киднапирал убавата божица на младоста Идун.  Решена да ја одмазди смртта на татка си, или пак да добие надомест за нејзината загуба, Скади ја нападнала тврдината на боговите.  Один и понудил злато за нејзината болка и страдање, но Скади барала еден од боговите да се омажи за неа и некој да ја насмее. Один ги прифатил условите, но поставил и свои. Бидејќи ниту еден од боговите не се пријавил доброволно да се омажи за неа, таа морала да го избере својот сопруг, но тоа да го направи гледајќи само во нивните стапала. Тајно вљубена во Балдур, синот на Один, богот на светлината и убавината, Скади ги одбрала најубавите стапала, мислеќи дека се неговите. Но, погрешила. Одбраните стапала биле на Нјорд. За смеата се погрижил трикстерот Локи.


Во нордиската митологија, јотуните се претежно сили на темнината, студот и смртта. Скади се вклопува во овој шаблон и се чини дека има конкретна поврзаност со зимата. Нејзиниот статус на божица според брак, заедно со фреквенцијата на нејзиното историско обожување, сепак се чини дека укажуваат на тоа дека оваа јотунка има поблагонаклонето однесување, од поголемиот дел нејзини роднини, можеби и во својство на заштитничка на зимските егзистенцијални активности.

Текст: Марија Јовановска

marulka

 

 

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.