Руните и магијатa – Нордиска Митологија VII

“Hangatyr, Your whisper told me the secret of the runes.
I follow you to become immortal.
I take a ride on the worldtree, offer me to myself.
I hear the song
I carve the runes of the Irmin.

I pick the leaves of the worldtree, Yggdrasil my stallion
Eighteen I find (when I) sing the song of Odin.

I eat the fruits of the Futhark
Yggdrasil my stallion
I take a ride (and fly) with the wings of Odin

Seek it low you go to find them glow

By the well of Mimameid
Eighteen runes will come to you
Take the hand of Hangatyr
You will feel the serpent rise”

Therion – Secret of the Runes (2001)

Како што верувам, сите кои го читате текстов веќе знаете дека старите Нордијци не биле неписмен народ. Имале свое писмо, рунско писмо (Futhark) – систем од знаци кој го употребувале за да ги запишуваат своите подвизи, приказни и песни. Во овој текст нема да се осврнеме на руните како систем за пишување, туку на нивната „магиска“ функција.

Имено, покрај улогата на руните како систем за пишување, Нордијците верувале дека тие имаат и магични својства, односно секој знак во себе имал магична енергија која може да биде пренесувана. (Авторот на текстов си носи привезок со руната Ansuz која го означува Один и носи мудрост и знаење :) )

runata

Во еден од претходните текстови за Один и неговата вечна потрага по мудроста, ја видовме митолошката приказна како Один, со саможртва на светското дрво Игдрасил, ги открил руните и нивната моќ. Но, доколку ја пропуштивте еве ја уште еднаш:

Знам, висев јас

на гранки, на ветер

девет долги ноќи,

пронижан со копје

посветено на Один,

се принесов жртва

на тоа дрво

чии корени се скриени

во пазуви таинствени.

 

Никој не ме хранеше,

никој не ме поеше,

во земјата гледав,

ги истрпив руните,

стенкајќи ги дарив –

и од дрвото треснав.  

strofa1 

Руни ќе пронајдеш

и ќе откриеш знаци,

најсилни знаци,

најкрепки знаци,

Хропт нив ги сликал,

ги создале боговите,

а Один ги изрежал.

Один за Асите,

а Даин за алфите,

Двалин за двергарите,

Асвид од јотуните,

и сам ги врежував.

Хавамал (Речта на Високиот), 138-142

Магиската моќ на руните ја откриваме веќе во продолжението на Хавамал (Речта на Високиот), односно во последните 19 строфи од песната, каде самиот Один вика:

kechavamal1 

Знам и трета,

таа заштитува

во битка со врагови,

острици им тапам,

мечеви, дабовици нивни

во бојот се бесполезни.

 

И четврта знам,

ако ми врзат зглобови

со окови крепки,

јас ќе ги спојам

за в миг да паднат

јазлите над дланките

и од нозете веригите.

havamal2 

Знам и седма,

ако дома оган вивне

со луѓе на клупи,

веднаш пламенот

да го изгаснам можам,

магија штом запеам.

 

Знам и осма,

полезно е тоа

да го знаат сите:

кај што почнува кавга

сред воини смели,

можам да ја смирам.

 tretohamaval 

Со единаесеттата

свои другари да штитам

во битки се грижам

во штитот пеам, –

неповредени тие

да победат во битки,

од битки неповредени

крај победа да бидат.

 

Дванаесеттата јас,

гледајќи на дрво

виснат на јазол,

таква руна ќе врежам,

ќе насликам таква,

што ќе оживее тој

и ќе започне беседа.

chetvrthavamal 

Петнаесеттата

Тодрорир ја пеел

пред портата на Делинг;

испеал за асите силе,

почести за алфите,

а за Один – дух.

 

Со шеснаесеттата

дух ќе придвижам

кај достојна мома,

ако ми е мила,

ќе и завладеам душа

и мисли ќе и покорам.

 havamal5

Тоа се зборовите на Високиот,

во домот на Високиот,

нужни на луѓето,

ненужни на јотуните.

Блазе на тој што му се кажува!

Блазе на тој што узнава.

Кој ќе ги помни – полза нека има!

Блазе на тој што внимава!

Хвамал (Речта на Високиот), 146-164

За тоа како овие магиски својства на руните биле употребувано во „пракса“, можеме да видиме во сагата за Егил Скалагримсон, исландски воин и поет од Х век. Имено, во 75-то поглавје (Разделбата на Егил и Армод), читаме:

ve211-1

Додека тие седеа и јадеа, Егил виде една жена која беше болна и лежеше на една клупа на крајот од собата. Тој праша која е таа и зошто е во толку тешка состојба. Торфин му одговори дека тоа е неговата ќерка по име Хелга и дека долго време била болна. Таа се жалела на силна треска, а ноќе не можела да спие и од тоа полудувала.

Дали сте се обиделе да ја излечите?”, праша Егил.

Беа изрезбани руни”, рече Торфин. „Тоа го стори синот на еден локален земјопоседник. Но, оттогаш и стана уште полошо. Но, можеш ли ти Егил, да сториш нешто против оваа болест?”

Егил рече: „Можам да се обидам и тоа сигурно нема повеќе да и наштети”.

Кога Егил заврши со јадењето, тој појде кај жената која лежеше и нешто и прозборе. Потоа заповеда да ја кренат оттаму и под нејзе да стават чисто платно и тие така и сторија. Потоа тој го пребара местото каде што таа лежеше и таму најде едно парче коска од кит на кое беа изрезбани руните. Егил ги прочита и потоа ја фрли коската во огништето и нареди постелнината на која лежела жената да се проветри на воздух. Потоа ги испеа овие стихови:

runiegil

Егил потоа изрезба нови руни и ги стави под клупата на која лежеше жената. Таа веднаш се почувствува како да се разбудила од некој долг сон и веќе и беше подобро иако сé уште беше слаба. Татко и и мајка и беа пресреќни. Торфин на Егил му понуди да му даде сé што му беше потребно”.

Но, не секогаш магиската моќ на руните била употрбувана за добри работи, понекогаш се работело и за клетви,  па така во 60-тото поглавје од сагата за Егил (Убивањето на Бергонунд и на кралскиот син Рогнвалд) можеме да прочитаме:

Кога веќе требаше да тргнат, Егил се врати на островот. Тој зеде еден трупец и се качи на ридот кој гледаше кон копното. Потоа зеде една коњска глава и ја забоде на трупецот. Тогаш ја кажа следнава клетва:

Овде го кревам овој трупец и ја праќам клетвата кон кралот Ерик и кралицата Гунхилда (тогаш ја сврте коњската глава кон копното). Ги проколнувам и духовите – чувари кои живеат во оваа земја. Ги проколнувам да талкаат, не можејќи да си го најдат домот сé додека не го истераат кралот Ерик и кралицата Гунхилда од земјата.

Потоа го забоде трупецот во едни камења и го остави да стои таму. Коњската глава ја сврте кон копното, а на трупецот врежа руни кои ги кажуваа зборовите на клетвата.

ve211-1

Старите Нордијци најверојатно ги користеле руните и во обидите да ја претскажат иднината. Имено, Римскиот историчар Тацит запишал дека старите Германи гатале со стапчиња на кои биле врежани знаци, а имајќи во предвид дека паганските обичаи многу тешко се забораваат, можеме да претпоставиме дека и Нордијците, кои веруваат во еден од видовите на Германскиот политеизам, го имале овој обичај.

Многу држат до гатања и претскажувања, а претскажуваат мошне едноставно: гранка од плодно дрво сечат на стапчињам па откако стапчињата ќе го обележат со некакви знаци, немарно и без ред ги расфрлаат по бело платно. Потоа, ако се гата јавно, првосвештеникот им се моли на боговите и, гледајќи во небото, зема трипати по едно стапче; ако гатањето е семејно, тоа го прави таткото на фамилијата. Земените стапќиња се толкуваат според претходно врежаниот знак. Ако знамењата се неповолни, за таа работа во истиот ден веќе не гатаат; ако, пак, се поволни, бараат потврда на пророштвото.”

 

Тацит, Германија, 10

Текст: Игор Ефтимовски

Студент по Археологија на Филозофскиот Факултет,Скопје; ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ „Цар Самоил” – Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013);    креатор и уредник на блогот Историски, наменет за популаризација на Историјата и нејзините сродни науки;     учесник на научните трибини: „Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор”, „1000 години од      смртта на Цар Самоил”; автор на изложбата „Македонија и Преспа во делата на странските картографи – од II до XIX век”.

 

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.