Религијата на Викинзите
Wardruna: Laukr

 

Периодот на промени

Добата на Викинзите, билао период на значителни религиски промени во Скандинавија. Дел од популарниот приказ на Викнзните е паганството и омразата кон христијанската црква. Но, тој поглед е малку погрешен.

Точно е дека речиси целото население на Сканднавија било паганско во почетокот на викиншкото доба, но Викинзите верувале во многу богови и немале проблем со прифаќање на христијанскиот бог, заедно со своите. Повеќето истражувачи денес, веруваат дека нападите на Викинзите над христијанскита црква, немаат никаква поврзаност со религијата, туку со фактот дека манастирите биле типично богати и слабо заштитени, правејќи ги лесна цел за грабежи.

Olav_Tryggvasons_saga_-_Haakon_jarl_2_-_C._Krohg

Викинзите, токму преку нападите дошле во контакт со христијанството и штом се населиле во тие земји, бргу ја прифатиле религијата. Ова се случувало во Нормандија, Ирска и на Британските острови. Иако сегашните прикази малку објаснуваат, многу можеме да дознаеме од археолошките докази. Паганите ги закопувале мртвите заедно со нивните драгоцени предмети, а Христијаните, не – релативно лесно забележлива промена во религиите. 

Покрај промените во странските земји, во викиншкиот период е забележана постепена промена и во Скандинавија, кога пристигнуваат англо-саксонските и германски мисионери, со цел да ги преобратат паганите. До средината на XI век, христијанството е добро воспоставено во Данска и Норвешка. Иако постоеле привремени промени во Шведска во тој период, веќе до крајот на XII век, христијанството се етаблирало и таму. Како дел од процесот на промени, Христијаните завземале традиционални пагански места. Добар пример, можеме да забележиме во Стара Упсала, Шведска, каде остатоците од стара црква, лежат рамо до рамо со огромни пагански могили.  

Паганско верување

Речиси ништо не ни е познато за паганските религиозни практики од периодот на Викинзите. Постојат мал број современи докази и, иако постојат повремени референци за паганство во викиншките саги – воглавно создавани во Исланд во периодот на XIII век, треба да запомнеме дека тие биле пишувани 200 години пред преобратувањето во христијанство.

Познато ни е дека поглаварите, имале некој вид улога на свештеници и дека паганството вклучувало жртвување, но не повеќе. Повеќе дознаваме од приказните поврзани со паганските богови. Овие приказни преживеале по бројни расправи. Постоела можност да бидат сметани само за митови, отколку за израз на верски верувања.

wotan-and-yggdrasil-james-carl-mcknight

Главен извор на докази се Едите – прекрасни литературни дела кои ги преточуваат старите пагански верувања во народни приказни. Дури и таму постои мало влијание од христијанството. На пример: самиот врховен бог Один, се жртвувал обесен на дрво и странично прободен со копје – настан кој по неколку дена следел со еден вид на воскресение – јасна паралела со христијанското распнување.   

Сепак, Едите ни обезбедиле голем број информации за боговите и нивниот однос со џиновите, луѓето, џуџињата. Најмоќен бил едноокиот бог Один, врховниот, богот на војната, правдата, смртта, мудроста и поезијата. Веројатно најпопуларниот бог, бил Тор, кој бил многу посилен, одошто паметен. Бил главниот бранител на боговите од џиновите со својот чекан Мјолнир (Молња), искован од џуџињата. Бил и богот на молњата и особено почитуван од морнарите. Амајлии со чеканот на Тор, биле мошне популарни во светот на Викинзите. Неговиот брат Фреј и сестрата Фреја, богот и божицата на плодноста, имале подедакво голема важност.

Паганството и христијанството

Нападите над кралствата на Франките и на Британските острови, придонеле за подрастични врски со христијанството. Секако, Викинзите ги одржувале своите верувања при нападите, но сепак постоел значителен притисок за прифаќање на христијанството, доколку сакале да воспостават мирољубиви односи со христијаните. Вакви комбинации се случувале и на политичко ниво, како Договорот од Ведмур, 878 година. Договорот го обврзал водачот на Викинзите, Гутрум, кон прифаќање на христијанството, со Алфред од Весекс како неков кум. За возврат, Алфред го признал Гутрум како владетел на источна Англија.

Разни, помалку формални спогодби, се применувале и во трговијата. На христијаните не им било дозволено да тргуваат со паганите. Кога не било потребно целосно прифаќање на христијанството, Скандинавците биле покрстувани со скромен обичај (primsinging). Иако тоа претставувало половина чекор кон крштевање, укажувало на подготвеност кон прифаќање на христијанство и било сметано за доволно, како би се овозможила трговија.

Понатамошни притисоци пристигнале откако Викинзите се населиле во соседството на христијаните. Научниците не се согласуваат за точноста на раширувањето на скандинавското населување во разни делови на Британските острови, но дел го прифаќаат податокот дека Викинзите целосно го замениле локалното население во некои области. Дел од доселениците често земале локални жени, а дел си ги донеле своите семејства од Скандинавија. Децата од мешаните бракови растеле во делумно христијански домаќинства и веројатно биле и воспитувани како христијани. Понатамошните бракови, склучени под влијание на црквата, постепено довеле до целосна преобразба.

englezivikinzi

Обидите да се преобрати Скандинавија, започнале дури пред периодот на Викинзите. Англо-саксонскиот Вилиброрд предводел мисија во Данска во 725 година, но иако бил добро примен од кралот, мисијата немала посебен ефект. Франкот Ансгар го предводел вториот бран на мисионерска активност, почнувајќи од 820 година, со поддршка од франкискиот крал, Луј I Побожниот. Ансгар и неговите следбеници основале мисии во Данска и Шведска, со поддршка на локалните владетели, но влијанието над населението како целина, повторно не било доволно.

Согласно археолошките откритија, христијанството било делумно прифатено во Норвешка. Населбите го прифаќале, без оглед на тоа дали го прифаќал и локалниот водач. Во средината на X век, Хакон Добриот од Норвешка, кој бил згрижен во Англија, се обидел да ја искористи својата кралска власт со цел да го воведе христијанството. Но сепак, кога станало јасно дека со тоа ќе ја загуби поддршката од паганските водачи, се откажал од обидот.

Синозабиот Харалд од Данска, се покажал како најуспешен. Каменот во Јелинг, подигнат во негова чест, ни кажува дека успеал да ги „направи Данците-Христијани“. Ова е поткрепено и од христијанското сликовито изложување на данските монети, од периодот на неговото владеење, како и од германските евиденции за воспоставување на епископии во различни дански градови. Така започнала преобразбата на Данците. Иако постоеле мали пагански реакции по смртта на Харалд, влијанието на црквата се зацврстило кога Кнут станал владетел на Англија и Данска, во 1018 година.

Шведска се соочувала со паганските реакции до средината на XI век, но до почетокот на XII, христијантвото било веќе воспоставено.

Видео: Сагата за Бјорн (The Saga Of Biorn) - дипломска работа при Работилницата за Анимации во Данска.

 

Текст: Радмила Бошкова

radmilda

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.