Приказната за именувањето на Гренланд и Исланд

Многу, многу одамна, избувна војна меѓу норвешките Викинзи. Една група, се качи на своите бродови и замина. Пловејќи, откри зелен остров и на него се насели. Плашејќи се дека непријателите ќе ги пронајдат, испратија абер до Норвешка дека осторвот кој го пронашле е всушност покриен со мраз, но и дека постои еден, подалечен (и навистина покриен со мраз), на чија зелена земја би можеле да се населат. И така, зелениот остров станал Исланд, а ледениот остров Гренланд.

Tака вели приказната.

Постојат мошне посложени податоци за откривањето на Исланд, кои имаат врска со Инголфур Арнасон, нордиски војсководец кој го основал Рејкјавик во 874 година.

Во меѓувреме, Гренланд сé уште не бил „откриен“ (од Нордијците), сé додека бродот на еден Норвежанец, кој пловел до Исланд, не ја сменил својата насока на движење поради невреме, еден век подоцна.

Потоа Ерик Црвениот, го именувал островот „зелена земја“ (Greenland). Ерик навистина бил во бегство од Норвешка и најпрво стасал на Исланд пред да се насели на Гренланд. Сакал да успее да привлече што повеќе население на Гренланд и очигледно бил многу добар во брендирање, именувајќи го ледениот остров „зелен“.

Некои од нас, кога ќе ја чујат првата верзија на приказната за именувањето на Исланд и Греланд, никогаш не би ја заборавиле. Иако историјата можеби зборува различно, ние би сакале така да ја запомнеме – чудно.

Кога податоците се претставени како „факт“, луѓето ги активираат своите критички и аналитички мисли, додека пак кога информациите се претставени како приказна, ги активираат своите бајковити мисли. Бајковитиот мозок е мошне поприемчив и отворен за разлика од аналитичкиот. Кога ќе ја прифатиме приказната, таа живее во нас и ни значително ни влијае.

Лекција (во секој поглед): Не ја потценувај моќта на приказната.

 

Текст: Радмила Бошкова

radmilda

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.