Медовина на поезијата или за тоа како настанала поезијата – Нордиска Митологија – VIII

Поезијата играла важна улога во културата на старите Нордијци. На историјата и се познати голем број славни викиншки воини кои истовремено биле и познати поети, како што е и случајот со Егил Сакалагримсон.

Дарбата за создавање стихови била една од најценетите способности што еден Нордиец можел да ја има. Нордијците имале дури и посебен бог на поезијата – Браги, додека пак врховниот нордиски бог Один бил дарителот на „óðr“ (од каде потекнува и неговто име) – творечкото вдахновение, збор кој имал секундарно значење и како „песна“ или „поезија“. Одиновото „послание“ до луѓето била поемата Havamal (Речта на Високиот). Како што ќе видиме понатака, тој има клучна улога во митот за тоа како настанала поезијата.

Wardruna - Odal

Митот за „Медовината на поезијата“ досега го имаме само малку „чепнато“ – во текстот за Один, за неговата вечна потрага по мудроста и за магијата на руните. Имено, во овие текстови беше цитиран и еден извадок од Havamal, каде се зборува за саможртвата на Один на Светското дрво Игдрасил, каде се испреплетени и овие стихови:meguhavamal

Кој ја има читано Havamal, знае дека тоа не е единственото место каде Один зборува за некаква медовина:

havamal


Овие строфи сами по себе не појаснуваат ништо, туку отвараат само прашања во врска со Медовината, кој, или што воопшто се Сутунг, Гунлод, Бјолверг, Одрорир, Рати?

Епа одговорот на сето тоа се наоѓа во Прозната Еда на Снори Стурлулсон (малку иронично, нели? :) ). Имено, во вториот дел на Прозната Еда кој се вика „Јазикот на поезијата“ (Skáldskaparmál), во кој се прераскажува разговорот на боговите Агир и Браги за време на една гозба во Азгард, Браги го раскажува митот за „Медовината на поезијата“, кој гласи вака:

Мирот постигнат помеѓу боговските раси на Асите и Ваните по Војната на Боговите, бил запечатен така што сите богови, и од Асите, и од Ваните, плукнале во еден сад. Од таа плунка настанал Квасир, најмудриот од сите луѓе кој потоа патувал низ светот и го пренесувал своето знаење. Еден ден, Квасир бил убиен од алчните двергари Фјалар и Галар кои ја помешале неговата крв со мед и така настанала Медовината на поезијата која ја поделиле во три садови: Бодн, Сон и Одрорир (ете зошто вика Один „Медовина вкусив великолепна, од Одрорир налеана”. Одрорир значи „Мешалка на вдахновението”).

По некое време, двата двергари го убиле и јотунот Хилинг, а за да се спасат од одмзадата на хилинговиот син Сутунг (ахааа, еве кој бил Сутунг :) ), морале да му ја предадат магичната медовина. Сутунг ја сокрил напивката во планината Хнитберг и ја поставил својата ќерка Гунлод да ја чува.


Ова го разбрал Один и продолжувајќи ја својата вечна потрага по знаење и мудрост, смислил една „итроштина“ како да дојде до медовината со која ќе стане „Господар на стиховите“. Один најпрвин им се појавил (нормално преправен) на деветте слуги на Бауги, братот на Сутунг, кои коселе трева, претставаувајќи им се како Болверк. Тој им понудил да им ги наостри нивните коси со еден магичен, камен острач. Тие биле толку фасцинирани од острачот, што сите се понудиле да го купат. Один им го фрлил острачот во воздух и за моменти сите се испотепале, убивајќи се меѓусебе со косите. „Болверк” потоа отишол во куќата на Бауги, божем сака да преноќи таму. Бауги му зборувал како работата не му одела бидејќи неговите слуги се испоубиле меѓу себе и не можел да најде нивна соодветна замене. Тогаш, Один му се понудил дека ќе ја сработи нивната работа, но за возврат да добие голтка од магичната медовина на неговиот брат. Бауги се согласил.1cc1b030363129.561f68cf3fe11


Летото завршило и дошло време Один да ја побара својата плата. Один и Бауги отишле кај Сутунг, но тој безусловно одбил. Тогаш Один предложил еден трик. На Буаги му го дал магичниот сврдел Рати, со кој тој требало да направи дупка во планината Хнитбергcea92030363129.561f68cf411a9


Бауги се обидел да го изигра Один, но сепак била направена дупка во планината и Один се претворил во змија за да се протне низ дупката, а Бауги неуспешно се обидел да го погоди Один со сврделот.

2509ac30363129.561f68cf42714


Потоа Один стигнал до чуварката Гунлод и, според Прозната Еда, ја завел, додека пак според Хавамал, таа се заљубила во него. Таа му ветила дека ќе му даде три голтки од медовината за три поминати ноќи со неа, но со една голтка Один празнел еден од садовите.

0450ff30363129.561f68cf43cff


По трите ноќи, тој ја испил целата напивка, по што се претворил во орел и одлетал. Кога Сутунг ја открил кражбата и тој се претворил во орел и тргнал во потера. Один пристигнал во Асгард и ја повратил медовината. За време на потерата, Сутунг бил толку блиску до него, што морал да поврати и еден дел кон него. Овој дел можел да го пие секој кој што сака и затоа бил наречен „уделот на господарите на римата”. Следниот ден, група на јотуни пристигнале во Асгард да го бараат „Болверк” за одмзада, но Один им се заколнал дека во Асгард нема таков, по што тие си заминале. Така, Медовината на поезијата оттогаш се чува во Асгард и Один ја дава на боговите и на луѓето со дарба за создавање стихови.0dd66430363129.561f68cf45275


илустрации: Eva Eskelinen

Можеби затоа сите почнуваме да создаваме стихови кога ќе се напиеме малку повеќе медовина? :) :)

Текст: Игор Ефтимовски

Студент по Археологија на Филозофскиот Факултет, Скопје; ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ „Цар Самоил” – Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013); креатор и уредник на блогот Историски, наменет за популаризација на Историјата и нејзините сродни науки; учесник на научните трибини: „Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор”, „1000 години од смртта на Цар Самоил”; автор на изложбата „Македонија и Преспа во делата на странските картографи – од II до XIX век”.

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.