Кој сака да биде Крал?

По поразот од брат му Роло во Париз, Рагнар исчезнува од Категат, неколку години. Зошто го напушти Категат? Веројатно од повеќе причини. Една е срамот, друга чуството на умор и старост – како да сака да го остави товарот на царувањето.

citatmeguragnerkojsakakral

Рагнар се враќа хаотичен, парталав, а Сигурд има слика за него како за митска личност од минатото. „Татко ни беше поразен – изгуби. Се изгуби сета негова магија, нападите и пљачкосувањата. Повеќе никој не го сака и почитува.“ Синовите Убе, Сигурд, Хвитсерк и Ивар, размислуваат и зборуваат со доза на презир за тоа кој всушност е нивниот татко, но враќањето на Рагнар е силен удар на реалноста.

Рагнар го измачува и она што се случи на поседот во Весекс. Смета дека мора нешто да стори. Но неговото враќање во Категат, предизвикува неред.

„Враќањето на татко ти ќе донесе беда, неред, хаос, трагедија и смрт“, му вели пророкот на Бјорн.

Рагнар започнува да се справува со најтешките прашања: со чувството за сопствената смртност, со судбината. Станува измачен, а неговата приказна прераснува во приказна, за наследството што го остава на синовите кои заедно или засебно ќе започна да владеат по неговата смрт, за човек со огромен товар, за моќ.

 


 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.