Јол: слава на Сонцето

Yule е пагански фестивал, кој го празнува денот на зимската краткоденица, односно доаѓањето на светлината. Oвој период од годината на северната хемисфера се прославувал со милениуми.

Јол (како што се нарекува на Исланд и на Фарските Острови), е слава на Сонцето, среќата, плодноста и мирот – веселба каде се наздравува за боговите и како што пренесуваат исландските саги – им се принесува жртва за новата година да донесе добрина.

Почетокот на празнувањето е некаде околу 21 декември (периодот на зимската краткоденица) – денот во годината со најмалку сончева светлина. Токму затоа Викинзите го славеле Сонцето на тој ден. Празнувањето траело цели 12 дена, што подоцна во христијанството се пренеле како 12-те денови на Божиќ. Прославата, како и секое збиднување во викиншките кругови, не поминувала без добра храна и пиење, секогаш  во друштво на најблиските.

Јол во Категат

Викинзите, празнувајќи им оддавале почит на боговите од групата Аси, принесувале жртви од домашните животни кои ги чувале, со цел да ја освојат темнината на зимата, а потоа наздравувале за новата година и за мир во истата. Здравицата им била од големо значење, а боговите ги нуделе со чаша пиво. На богот на плодноста и земјоделството Фреј, му принесувале дива свиња, за да обезбедат добар раст наредната година, а месото од животното го јаделе за време на празикот (оттука и потеклото на божиќната шунка во Скандинавија). Здравицата на Один била за победа и силата на кралот, а кај Ваните, Нјорд и Фреј за добра жетва и мир.

Друга голема викиншка традиција е Yule log – специјално селектиран, голем, дабов трупец, понекогаш и цело дрво, кој горел на главното огниште за време на празникот. Богато го украсувале со издлабени руни и го декорирале со зимзелени дрвца, верувајќи дека боговите на тој начин ќе ги штитат од несреќи. Еден дел од дрвото се чувал  за заштита на домот, како и за да го запали огнот наредната годинаlog
Дури и на новогодишната елка, можеме да и ги најдеме зачетоците во предхристијанските празнувања. За време на празнувањето на Јол, Викинзите декорирале зимзелени дрвца со парчиња облека и храна, мали статуетки од боговите и врежани руни, за да ги намамат духовите на дрвото да се вратат повторно  штом дојде пролет. Од гранчињата на божиќното растение илекс, во комбинација со плодови, правеле украсни кружни венци, со кои ги декорирале куќите. Илекс е зимзелено растение кое продолжува да расте и во текот на зимата, симболизирајќи го продолжувањето на животот и годишниот циклус.

0bc78f34817789.56defb3261353


Викинзите верувале дека имелата може да ги воскресне мртвите – верување врз основа на легендата за воскресението на Балдур – бог на светлината и добрината, кој бил убиен од стрела од ова растение, но повторно оживеан кога солзите на мајката Фрига ги претвориле црвените бобинки во бели. За време на прославите се правело огромно тркало на Сонцето кое запалено го тркалале по рид, за да го намамат Сонцето побрзо да се врати. Тркалото на Сонцето, денес го нарекуваме божиќен венец.

Козата е исто така еден од најстарите скандинавски божиќни симболи. Нејзиното потекло, е легендата за богот на грмотевицата Тор, чија кочија на небото ја влечеле двете кози Тандгнјост и Тандгриснир. Обичајот бил следен: малдите да се облечат во козја кожа, да одат од куќа до куќа и да пеат и играат едноставни игри, а за возврат да бидат наградени со храна и пијалок.3fd5e417773867.562beebb2acc6

Се разбира, Скандинавците не биле сами во прославувањето на зимската краткоденица. Како што можеме да видиме низ историјата, насекаде во светот  се празнува  враќањето на Сонцето по долгата зима, со широка разноликост на ритуали и традиции.

Текст: Марија Јовановска

marulka

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.