Хнефатафл – викиншки шах

Игрите tafl припаѓаат на семејството древни германски и келтски стратегии, стари 1500 години, кои претставуваат варијација на рана скандинавска игра, наречена Хнефатафл (игра на кралот).

Основи на Хнефатафл.

За играта e потребна табла со квадратни полиња (мошне сличнa на шах) и две армии, нееднакви по број. Иако големината на таблата за играње и бројот на пиони може да варира (од 7×7 до 19×19), сепак сите игри имаат специфичен 2:1 сооднос на парчиња – помалата група ја има фигурата на кралот, а нејзината почетна позиција секогаш е центарот на таблата (престолот).

prikazi

Се игра со двајца играчи. Поголемата армија ги претставува непријателските војници, кои го опколуваат кралот и неговата армија. Целта на кралот е да побегне од центарот на било кое поле од ќошевите на таблата, а пак цел на непријателската војска е – да го зароби кралот. Кралот се смета за заробен кога е опколен од спротивната војска од четири страни, но и кога е опколен од три страни, а од четврата страна е неговиот престол. Играта ја започнува војската на кралот, за потоа секој играч да има по еден потег наизменично. Кој ќе ја оствари својата цел – победува. Бидејќи играта се игра со нееднаков број на армии, добра етика е да се изиграат две рунди, така што двајцата играчи ќе ги сменат страните. Секој играч ќе следи колку парчиња ќе загуби и ќе добие од својот противник, кој резултат се користи да се утврди крајниот победник.

Како се игра? 

Сите фигури се движат на ист начин – хоризонтално или вертикално, одејќи напред онолку полиња колку што пред нив има слободни. Фигура од било која  страна е заробена кога ќе се најде помеѓу две фигури од спротивната армија. Со еден потег можат да се заробат и повеќе противнички фигури. Заробените фигури, веднаш се отстрануваат од таблата и повеќе не учествуваат во играта. Доколку фигурата се вовлече на празно поле помеѓу спротивни две, не се смета за заробена. На централното поле – престолот, може да застане само кралот, а фигурите од двете армии можат единствено да поминат преку него (секако, доколку на него не се наоѓа кралот).

Стратегија.

Силите на кралот обично имаат мала предност и покрај тоа што се во помал број од противничките. Тактички, бранителот (кралската војска), мора да биде организиран за да избега од центарот на таблата. Треба да се обиде да фати што е можно повеќе напаѓачи, за да отвори место (рута) за бегство на кралот и да не се обидува да ги заштити премногу своите фигури, бидејќи тие исто така можат да го блокираат патот на кралот. Предмет на силите што напаѓаат, не е само да го спречат бегството на кралот, но исто така и да го заробат. Најдобар начин тоа да се спроведе, е да се избегне заробување во почетокот на играта и да се распределат напаѓачите на сите страни, како би го блокирале патот за бегство.



Историја.

Терминот Таfl (старoнордиски: масa, штица) е оргиналното име на играта, но во Скандинавија, со цел да се разликува од останатите слични игри, во периодот на вининшкото доба го добива името Хнефатафл. Играта се споменува и во неколку средновековни саги, меѓу кои сагите Orkneyinga, Friðþjófs и Hervarar. Самото споменување на играта во овие три битни поглавја на Нордијците, укажуваа на неговата широка употреба. Иако различни од регион во регион во периодот на Викинзите, сите ги поврзуваат главни културолошки основи. Во сагата Orkneyinga, видливоста на играта е евидентирана во достигнувањата на Jarl Rögnvald Kali Kolsson, каде на врвот на неговата листа на вештини стои tafl. Во Friðþjófs сагата, во разговор за играта се открива дека војската на кралот е црвена, а онаа на напаѓачот бела, а зборот hnefa всушност се однесува на кралската статуетка. Најразоткривачка, а сепак повеќе двосмислена индиција за Хнефатафл, сретнуваме во серија загатки поставени од лик идентификуван како богот Один преправен во некој друг, а претставен во сагата Hervarar. Една загатка се однесува на невооружени девојки кои се борат околу својот господар: кафено-црвените во улога на заштитници, а белите во улога на напаѓачи. Во некои од сагите се споменува можната употреба на коцки во играта, но правилата на играта никогаш не биле експлицитно евидентирани, односно преживеале само фрагменти од нив. Во случаите каде варијации од играта се играат со коцки, како Tawlbyund, или ирската Brandubh, се индицира максималното растојание на кое еден фигура може или не смее да се движи.

Играта се проширила секаде каде што стапнале Викинзите, од Исланд, Велика Британија и Ирска, па сé до Лапонија и делови од Северна Европа, каде подоцна била заменета со шахот.


Текст: Марија Јовановска

marulka

 

 

 

 

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.