Хел

Хел (старонордиски Hel, „скриена“) е јотунка и божица во нордиската митологија, која владее со Хелхајм, подземјето каде престојуваат мртвите.

 Wardruna - „Helvegen" (Патот кон Пеколот)

 

4a000a8811717.560c3b52b82f3Според исландскиот истражувач Снори Стурлусон, таа е ќерка на Локи и јотунката Ангрбодел (старонордиски Angrboða, „најавувач на жалост“) и согласно на тоа сестра на волкот Фенрир и светската змија Јормунданд. Но, не би можеле да го прифатиме Снори за номинална вредност и затоа, ова семејно дрво, е веројатно нешто што тој самиот го додал, во интерес на доживување на нордиската митологија како посредена и почиста, отколку што навистина е.

Хел е општо претставена како прилично алчна и рамнодушна кон грижата за живите и мртвите, но нејзината личност е скромно развиена во она што преживеало од старонордиската литература. Најчесто е споменувана само на поминување.

Како резултат на нејзиниот лошо дефиниран лик, многу истражувачи си ја претставувале Хел како подоцнежна карактеристика на нордиското паганство и најверојатно како изум на поетите. Во секој случај, интересно е да се забележи дека старонордискиот збор „Hel“, кој е поедноставната и веројатно, многу постара верзија на местото именувано Хелхајм , граматички е во женски род. Истражувачите го искористиле тоа како доказ за аргументот дека божицата Хел е литературна „песонификација“ на подземјето.  Меѓутоа, во анимистичките и пантеистички светогледи на старите Нордијци и останатите германски народи, каде ништо не е инертно или безлично и сé е на некој начин боженствено, ставот дека подземниот свет се состои од конкретна манифестација на божица – или, ставот дека божица е силата која е двигател на подземниот свет – би се сметал за мошне разбирлив. Би се поместил целиот концепт на персонификација…

Дури и да е Хел литературен изум, нешто што мора да остане отворено прашање, таа е пронајдок кој е во значителна согласност со духот на германскиот, претхристијански поглед на животот.

Текст: Радмила Бошкова

radmilda

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.