Фенрир
Фенрир (стронордиски Fenrir, „оној кој живее во мочуриштето“), е најсуровиот волк во нордиската митологија.

Неговото значење за претхристијанските Сакндинавци, се демонстрира со прикажување на неговото битие на бројни рунски камења, а да не го споменуваме и неговото присутство во староднордиските литературни извори. Тој е син на богот Локи и јотунката Ангрбодел, брат на мидгардската змија Јормунганд и на божицата на подземјето, Хел.

Како што се зборува во приказната „Врзувањето на Фенрир“, боговите од групата Аесир, самите го одгледале Фенрир со цел да го имаат под контрола, како би го спречиле од предизвикување хаос низ деветте светови. Израснал за неверојатно краток период, поради што, вознемирените богови одлучиле да го врзат.

Првите два обида, биле неуспешни; итрите богови се обиделе да го убедат дека врзувањето е само игра или мерење на силата, но сепак Фенрир мошне лесно ги пробил оковите. За третиот обид, боговите побарале од џуџињата да го исковаат најцврстиот синиџр некогаш направен, кој и покрај силата ќе биде многу лесен, па дури и мек на допир.

tyrfrenirbla

Тир и Фенрир

Кога му го претставиле реквзитот на Фенрир, тој се посомневал и одбил да биде врзан со него, освен ако еден од боговите не ја држи раката во неговата уста, како залог на добра волја. Единствено Тир бил доволно храбар да го стори тоа, знаејќи дека ќе го чини губење на рака.

И, секако, кога Фенрир се нашол во ситуација да не може да се ослободи од оковите, ја растргнал раката на Тир. Потоа синџирот бил врзан за карпа, а меѓу вилиците на Фенрир бил поставен меч за да ги држи отворени. Како што завивал, диво и непрестајно, пенлива река по име „Очекување“ (старонордиски Ván), потекла од разлигавената уста.

fenrirvrzan

Окованиот Фенрир и реката Ván

Но, како што кажува и непријатното име на реката, тоа не бил крајот на Фенрир. За време на Рагнарок, се ослободил и се растрчал низ светот со долната вилица допрена до земјата, а горната до небото, проголтувајќи сé што му било на патот. Го убил и богот Один, пред конечно да биде усмртен од еден од неговите одмаздливи синови, Видар.

 

Фенрир и Останатите Волци во Нордиската Митологија

skolhati

Постои добра причина да помислиме дека голем број од останатите волци, споменати во старонордиската литература, се всушност Фенрир, под различно име. Една песна вели дека го проголтува Сонцето за време на Рагнарок, подвиг кој е на друго место резервиран за волкот по име Скол. Друга старонордиска песна, постојано споменува волк по име Гарм, кој во текот на Рагнарок се ослободува од синџирите во кои е окован – тука, речиси со сигурност, се зборува за Фенрир. Во друг извор, сретнуваме волк по име Хати, кој ја јаде месечината, што се чини за нова наставка на Фенрир.

Текст: Радмила Бошкова

radmilda

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.