Алекс Хог Андерсен Бескоскениот | Интервју

Викинзите се вратија со вториот дел од четвртата сезона на ТВ екраните, а со нив и Ивар Бескоскениот – пораснат. Алекс Хог Андерсен (Alex Høgh Andersen) презема комплицирана улога, а меѓу снимањето на сцените, создава прекрасни фотографии на сетот во Ирска. Во продолжение, говори за ова неверојатно искуство.

Претстави ни се и кажи ни како се чувствуваш во моментов?

Алекс Хог Андерсен, дански актер и аматерски фотограф. Студирав Филм и Медиумски Студии на универзитетот во Копенхаген, пред да ме букираат за „Викинзи“.  Се чувствувам добро – изненадувачки смирен и прибран. Година и пол работам на „Викинзи“, така што веќе прилично ми е секојдневие. Сигурен сум дека и останатите актери, кои ги играат моите браќа, се чувстуваат исто. Искрено, многу е возбудливо пристигнувањето на премиерата. Последниве месеци од снимањето, едвај чекавме да ја видиме нашата работа во етерот.

tumblr_ockbvw5u0l1vz4oxfo1_1280

Си прифатил прилично епска улуга, која во популарната серија е дел од едно ново поколение, што е пак сосема нов преседан. Како течеше подготовката за спојот со веќе докажаната „фамилија’’?

Не можете да се подготвите за тоа. Најлошото нешто што може да го напрвите е да се обидувате да бидете некој друг за да импресионирате некој друг. Верувајте во себе и во своте вештини, искулирајте, но работете напорно за да бидете најдобари што можете. Тоа е навистина сé што може да направите. Неверојатната екипа на „Викинзи“, е комплетно посветена да помогне со сé што ни треба. Не би можел да направам половина од работите што ги постигнав без оваа вешта и работлива екипа – актерите, режисерите, статистите, возачите.

Како би го опишал Ивар?

И покрај тоа што е инвалид во неверојатно физичката култура на Викинзите, напуштен од легендарниот татко (кој, да не речам, го остави во шумата да умре), задушен од преголемата љубов од својата мајка, школуван од исклучителениот верски лудак Флоки, Ивар излезе многу подобар од очекуваното. Решава секојдневно да се бори против болеста, да биде независен, влечејќи се насекаде.

Болеста го направила набљудувач, осамен волк, но тоа пак го направило паметен. Манипулативен е, вешт, религиозен и провокативен, но најмногу од сé – тажен, лут и ранлив. Сé што прави на почетокот од оваа сезона, е компензирање за болеста и обид да се докаже за да биде подеднакво и легитимно сакан.


Запознај нé со неговите браќа. Кажи ни ги нивните најдобри особини.

Убе е семеен човек. Мислам дека тој отсекогаш повеќе се грижел за Ивар од останатите браќа – може да се каже дека тој му бил нозете на Ивар. Убе е внимателен, грижлив и искрен. Хвитсерк е авантурист и тивок борец. Тој е допадлив, но има и скриена, темна страна. Сигурд е емотивниот и интелегентен брат, кој веројатно се чувствува малку заглавен во средина – единствениот кој навистина го предизвикува Ивар.

ubbe-hvitserk-sigurd-ivar-and-sigurd

Што има Ивар наследено од Рагнар?

Неговата ексцентричност и малку од неговите манири. Дефинитивно неговата мудроста и ставот, а згора на тоа и малку хумор. И секако – проблемите со жените. Тревис е одличен актер и добар човек. Беше огромно искуство и процес на учење само да се набљудува како работи. Фокусиран е на секој дел од сцените и ги разбира во целост. Ме научи. Полн е со паметни и креативни идеи, а исто така е одличен во кореографирање.

Што велиш за останатите членови на актерската екипа?

Сите се навистина прекрасни и пријателски расположени – едно големо семејство. Големо искуство е да снимаш сцени со нив. Особено со Густав – имавме одлични сцени кои беа вистинско уживање. Секогаш е забавно да ставите двајца лудаци во соба и да видите што ќе се случи.

floki-gustav-skarsgard-and-ragnar-travis-fimmel-reunited

Што мислиш, каква музика би слушал Ивар?

Хеви метал? Дали е премногу стереотипски? Мислам дека би одбрал каласична музика за во битка. Тој е заинтригиран од насилство и смрт и таму наоѓа некаква утеха. Кога ги провоцира браќата и има сигурни badass моменти, тогаш сигурно слуша џез. Синатра и „Come fly with me“ можеби? Само за да биде малку иронично… Кога е ранлив, не би ми сметало малку Ханс Цимер или Јохан Јохансон.

Имаш вистинска страст за фотографија што помага и при снимањето.

Навистина е разбирање за она што се случува. Заштедува многу време на потрошени клапи и лоша комуникација. Исто така помага кога се подготвуваш и работиш на своите сцени. Способен си да помогнеш во кореографите на сцените на различен и покреативен начин. Целиот дијалог со режисерот, директорот на фотографија и камерманите е подлабок и интересен.


Ќе издадеш книга со твоите фотографии.

Ха, ха… Каде сте го слушнале тоа? Леле! Да, размилував во врска со тоа, но тоа е сé. Мојот главен фокус во моментов е да пробам да ги задоволам најкул фановите на свет, со тоа што ќе им подарувам мали делчиња од сетот на „Викинзи“. Се надевам дека уживаат, бидејќи јас сигурно уживам и немам намера да запрам. 😉

Интервју: Сали Едвардс

Превод: Марија Јовановска

marulka

 

 

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.