9-те водачи на Викинзите

Периодот на Викинзите, од доцниот VII до XI век, создава пионерски истражувачи, како Ерик Црвениот – основачот на првата нордиска населба на Гренланд, заедно со моќни кралеви како Кнут Големиот, кој владел со огромна империја во северна Европа. Дознајте повеќе за фасинантните Нордијци:

Рурик: Славниот водач

0.Ruryk

Рурик бил водач на Викинзите, кој во 862 година, ја презел контролата над територијата Ладога и ја основал населбата Холмгард, во близина на денешен Новгород. Основач е и на руската династија Рурикович, која владела со Новгородска и Киевска Русија до XIV век. Во руските хорники од XII век, се вели дека Рурик бил повикан да ја смири ситуацијата меѓу одвоените угро-фински и словенски племиња. Така и ги окупирал териториите кај Ладога и Новгорд, каде владеел до својата смрт во 879 година. По неговата смрт, династијата го пренела свето седиште во Киев и во континуитет постоела до монголската инвазија во 1240 година. Денес, во Новгорд постои рид кој има изглед на гробница. Се претпоставува дека станува збор за гробот на Рурик.

 

Рагнар Лодброк: Легендарниот викиншки водач

c56f54377ba8b9f90e300f5a7494cd18

Рагнар Лодброк бил легендарен нордиски водач, крал на Данска и херој од периодот на Викинзите, опишан во старата нордиска поезија и во неколку саги. Бил првиот викиншки водач во периодот на првата поливна од IX век, познат по бројните напади над западна Европа, од кои, можеби најспектакуларен, бил оној над Париз во 845 година. Градот бил поштеден од уништување,  благодарение на големиот откуп кој го платил Луј Побожниот, императорот на Франките. Рагнар бил татко на многу познати синови: Ивар Безкоскестиот, Бјорн Железнобочниот, Халфдан Рагнарсон, Сигурд и Уба.

Легендата вели дека Рагнар бил три пати женет: со воинката Лагерта, со благородничката Тора Боргарјотр и со Аслауг. Се верувало дека бил роднина на данскиот крал Гудфред и син на шведскиот крал Сигурд Хринг, па така и самиот станал крал, истакнат по бројни напади и освојувања, додека на крајот не бил заробен од неговиот непријател, кралот Аела од Нортумбрија и фрлен во јама полна со змии. Неговите синови крваво го одмаздиле, опустошувајќи ја Англија.

 

Харалд Синозабиот: Bluetooth

59cf29d0888c44cda168da9f56cb4ecb

Харалд Синозабиот, бил крал на Данска, почнувајќи од 958 година, па се до својата смрт. Бил син на данскиот крал Горм Стариот.

Најважниот настан во владеењето на Харалд, било неговото свртување кон христијанството. Изворите го толкуваат ова на различни начини – дел велат дека оваа промена е резултат на мисионерски активности, а дел велат дека Харалд бил принуден да го прифати христијанство од римско-германскиот император Ото Велики. Како и во другите нордиски земји во тој период, поданиците не ги следеле одлуките на Харалд.

Харалд направил големи напори да ја централизира земјата, интензивно градел кружни тврдини за одбрамбени цели и презел серија походи, со цел да ја прошири својата власт над соседните области.

По смртта на кралот на Норвешка, Харалд II, Харалд Синозабиот привремено ја наметнал својата власт на негово место. Моќта и авторитетот не успеале да го заштитат при поразот од Германците во 974 година. Но, благодарение на сојузот со револтираните Словени, успеал да ја врати власта над териториите. Само неколку години подоцна, против него се побунил син му Свен, за која се верува и дека го убил.

Bluetooth: Комуникациски протокол Bluetooth е именуван по овој крал кој се обидел да ги обедини Данска и Норвешка, многу сличено на технологијата, чија цел беше да се обединат компјутерите и мобилните телефони.

 

Роло: Првиот владетел на Нормандија

ac6b805bb815931cc0a0970ed487fec1

Овој викиншки водач, чие потекло е данско или норвешко, започнал со вршење напади над Франција во IX век. Во 911 година, според Договорот од Сен Клер-сур-Епт, Карло Простиот, кралот на западните Франки, му дал на Роло дел од областа, денес наречена Нормандија, со цел да ја заштити од останатите викиншки воини. Роло подоцна ја проширил својата контрола над регионот, починал околу  928-ма година, а неговиот син, Вилијам I од Нормандија, го наследил. Во 1066 година, уште еден од потомците на Роло, Вилијам Војводата од Нормандија, предводел успешна инвазија на Англија. Вилијам Освојувачот, како што бил прочуен, служел како крал на Англија до 1087 година.

 

Ерик Црвениот: основачот на првата населба на Гренланд

blablaerik

Роден како Ерик Торвалдсон во Норвешка, Ерик Црвениот го стекнал својот прекар по својата црвена коса и веројатно по својата избувливост. Откако татко му, поради убиство, бил прогонет од Норвешка, пребегал со семејството во Исланд. Таму пак, самиот Ерик бил обвинет за убиство, што довело до негово прогонство од Исланд во 982 година. Го напуштил домот и заполовел на запад, кон голем, непознат остров, кој го именувал како „Гренланд“, со надеж да намами и други населеници.

Неколку години подоцна, Ерик се вратил на Исланд, со цел да организира флота од 25 бродови, кои би ги транспортирале колонистите на Гренланд. Само 14 бродови го преживеале патувањето. На Гренланд се основале две главни населби, во 986 година. Во својот врв, колонијата имала околу 5.000 жители. По смртта на Ерик, нордиските заедници продолжиле да остојуваат на Гренланд, се до XIV и XV век. Мистерија е зошто потоа гренландските Нордијци исчезнале, но секако, доволно значајна улога била студената клима и малите трговски можности.

Олав Тригвасон: Христијанството пристигнува во Норвешка

Peter_Nicolai_Arbo-Olav_Tryggvasons_ankomst_til_Norge

Олав Тригвасон, внукот на Харалд Убавокосиот, првиот крал на обединета Норвешка, бил роден околу 968 година и се верува дека бил израснат во Русија по смртта на својот татко. Во 991, Олав ја предводел викиншката инвазија над Англија, која резултирала со победа во Битката кај Малдон. Англичаните добро ги исплатиле Викинзите, со надеж дека на тој начин би се заштитиле од идни напади, барем привремено. Овој тип на данок, бил познат под името „Данегелд“. Во 994 година, Олав и неговиот сојзник, Свен Вилобрадиот, крал на Данска, започнале уште еден напад над Англија и заплениле повеќе Данеглед. Следната година, Олав ги искористил украдените добра за да ја освои Норвешка и да стане крал, откако тогашниот владетел, Хакон Добриот, бил убиен.

Како крал, Олав ги принудил своите поданици кон прифаќање на христијанството. Повеќето Скандинавци биле пагани. Постапките на Олав му привлекле непријатели, меѓу кои сојузниот Свен Вилобрадиот, кој сакал да го врати данското валдеење во Норвешка. Во 1000-та година, Олав паднал во заседа на своите ривали во поморска битка. Наместо да се предаде, тој скокнал од бродот и никогаш повторно не бил виден.

 

Лејф Ериксон: Во новиот свет, 500 години пред Колумбо

8c19e26508d96f49323cb628c5bbaf5f

Генерално, сметан за првиот Европеец кој стапнал во Северна Америка, Лејф Ериксон пристигнал на континентот, речиси 500 години пред Кристофер Колумбо. Роден во Исланд, околу 970 година, Ериксон се преселил на Гренланд, каде неговиот татко, Ерик Црвениот, ја формирал првата нордиска населба. Околу 1000-тата година, заполовил во потрага по територии, кои пред многу години биле забележани од Исланѓанецот Бјарни Херјолфсон.  Во периодот на неговата експедиција, Ериксон, пред да започне да плови кон југ до област која ја нарекол Маркленд („шумска земја“) за која се смета дека можеби е Лабрадор, стасал до област која ја нарекол Хелуленд („земја на рамните камења“) – историчарите сметтат дека можеби се работи за Бафиновиот ОстровВикинзите поставиле логор, на локација што веројатно била Њуфаундленд и ја истражувале околината, која Ериксон ја нарекол Винленд („винарска земја“), бидејќи се верува дека грозјето или бобинките, биле токму таму откриени.

Откако се вратил назад во Гренланд со вредносен товар, Нордијците одлучиле да отпатуваат до Винленд. Но, присутството на Викинзите во Северна Америка било краткотрајно, можеби, делумно, како резултат на судирите со непријателски расположените домородци. Единствената, автентична нордиска населба во Северна Америка, била откриена во периодот на 1960-тите на северниот врв на Њуфаундленд – артефактите пронајдени таму, датираат од околу 1000-тата година.

 

Кнут Големиот: Викиншкиот крал на Англија

177789826

Кнут Големиот (или Канут), синот на данскиот крал Свен Вилобрадиот, му помагал на татко му при освојувањето на Англија во 1013 година. Но, по смртта на Свен Вилобрадиот во текот на 1014 година, протераниот англо-саксонски крал Етелред Неподготвениот, се вратил на власт. Етелред починал наредната година и бил наследен од својот син, Едмунд Железнобочниот. Кон крајот на 1016 година, откако Кнут го поразил во Битката кај Ашингдон, Едмунд потпишал договор со кој, сета власт над дел од Анлгија, му ја предава нему. Само неколку недели подоцна, Едмунд починал и Кнут завладеал со цела Англија. Неговото владеење, по години исполнети со битки и грабежи, донело стабилност. Се верува дека Данска, Норвешка и делови од Шведска, исто така паднале под власта на Кнут, формирајќи безгранична империја. По неговата смрт во 1035 година, неговиот син Харолд Зајаконогиот, станал крал на Англија, служејќи до својата смрт во 1040 година.

 

 Харалд Хардрада: Последниот голем викиншки водач

v8wddrdmaoakkrvwq3xq

Роден во Норвешка, во 1015 година, Харалд уште како момче се борел во Битката кај Стиклештад, предводена во 1030 година од неговиот полу-брат, Олав Харалдсон, протераниот крал на Норвешка, во обид да се поврати моќта. Но, силите на Олав биле поразени – тој бил убиен, а Харалд пребегал и станал ангажиран како платеник на Јарослав Мудриот, принцот на Киев.

Отпатувал до Константинопол, каде се приклучил кон престижната војска на византискиот император.  Откако станал богат и вешт воен командант, се вратил во Скандинавија кон средината на 1040-тите години. Формирал алијанса со Свен Естритсон, барателот на данскиот трон, во обид да се војува против кралот Магнус Добриот, кој владеел со Норвешка и Данска. Но, сепак Харалд се повлекол од партнерството со Свен во 1046 година, кога Магнус одлучил да го именува како втор владетел на Норвешка. По смртта на Магнус, во текот на наредната година, Харалд добил целосна контрола над норвешкиот трон, додека пак Свен, станал крал на Данска. Со години војувал со Свен, но и покрај освојувањето на поголемиот дел од битките, Харалд (чиј прекар „Хардрада“, во превод значи „цврст владетел“), одлучил да склучи мир со својот противник во 1064 година и да се откаже од своите побарувања за Данска.

Потоа го насочил својот фокус кон Англија, освојувајќи ја две години подоцна со голема сила и победа во Битката кај Фалфорд. Но, само неколку дена подоцна, кралот на Англија, Харолд Годвинсон, ја уништил војската на Харалд во Битката кај Стамфорд Бриџ, во која Харалд, подоцна именувам како последниот голем викиншки крал, бил убиен.

Текст: Радмила Бошкова

radmildabelocrna

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.