Супрематизам и Конструктивизам

Супрематизмот и Конструктивизмот се уметнички движења кои настанале во разлика од неколку години. Двете ги поврзува апстрактниот дизајн.

Супрематизам

Супрематизам било уметничко движење, каде во фокусот биле основните геометриски форми, како кругови, квадрати, линии и правоаголници, насликани во ограничен опсег на бои. Движењето е основано во 1915 година во Русија, од рускиот уметник Казимир Малевич. Терминот „супрематизам“ се однесува на уметност базирана врз основа на надмоќноста на едноставното и чистото уметничко чувство, над визуелната претстава на предметите.

e3641ce1d0679e572e052f9bfccc2ffd

Супрематизмот настанува кога Малевич е веќе докажан уметник, кој изложувал и со уметничката група Синиот Јавач, со кубистичко-футуристички дела. Бројните нови уметнички форми во сликарството, поезијата и театарот, како и оживувањето на традиционалната народна уметност на Русија, обезбедиле богата средина каде се родила нова модерна култура. Малевич создал супрематистичка „граматика“, врз основа на основните геометриски форми, особено квадратот и кругот. Во изложбата „0.10 во 1915 година, тој ги изложува своите рани експерименти во супрематизмот. Централно дело на изложбата бил „Црн Квадрат, сместен во нешто што се нарекува црвен агол во руската православна традиција – местото на главната икона во една куќа. Делото било насликано 1915 година и било претставено како чекор нанапред во неговата кариера и уметноста воопшто. Малевич насликал и композиција наречена „Бел квадрат на Бела основа, која исто така претставува пресвртница во уметноста, овој пат, од полихромен до монохромен супрематизам.

Супрематизмот не се поврзува со чувство, туку со сензација.

Контруктивизам

Конструктивизам била уметничка и архитектонска филозофија, значната во Русија во 1919 година, која претставува отфрлање на идејата за автономна уметност. Контруктивизмот имал огромно влијание врз големите уметнички движења на ХХ век, на трендови како Баухаус и движењето Де Стиљ. Се чувствуваат и огромни влијанија врз графичкиот и индустрискиот дизајн, театар, филм, танц, мода, а до одреден степен и музика. Конструктивистите ја отфлаат идејата  „уметност заради уметност“ и почнуваат своите цели да ги насочуваат кон практични вештини на индустрискиот дизајн и други визуелни комуникации. Ова движење ги повикува уметниците да престанат да произведуваат непотребни работи и да најдат начин да ја искористат уметноста за индустриски и социјални цели. Постоеле три главни принципи:тектоника,текстура иконструкција.

64f13b75d756867a2369173844036672

Терминот конструктивна уметност за прв пат се користи како погрден збор од Казмир Малевич, со цел да се опише работата на Александар Родченко во 1917 година, а во позитивен контекст, истиот се јавува во Реалниот Манифест на Наум Габо во 1920 година.

Конструктивизмот всушност е пост-воен развој на рускиот футуризам, а самиот термин проникнува од скулпторите Антоан Певснер и Наум Габо, кои развиле индустриски, стилски аголни дела, додека пак геометриската апстракција, до некаде, се должи на супрематизмот на Казмир Малевич.  Конструктивистите колку и да се инволвирале во проекти за индустријата, тие сепак работеле и на јавни фестивали и улични дизајни за пост-октомвриската револуција на болшевичката влада. Можеби најпознат од нив бил оној во Витебск, каде уметничката група на Малевич, УНОВИС насликала пропагандни плакати и згради. Најпознат е оној на Ел ЛисицскиПобеди ги Белите со Црвен Клин“, 1919 година.

Кои се разликите меѓу двете движења?

Супрематизмот на Малевич, фундаментално се противи на пост-револуционерските позиции на конструктивизмот и материјализмот. Контруктивизмот и неговиот култ кон објектот, се занимава со уталитарни стратегии за приспособување на уметноста кон принципите на функционална организација. Под закрилата на конструктивизмот, традиционалносто уметничко платно се трансформира во уметникот-инжињер кој е одговорен за сите животни аспекти.

Супрематизмот во остар контраст со конструктивизмот, отелотворува длабоко анти-материјалистичка и анти-утилитарна филозофија. Во „Супрематизам“, Малевич ќе напише:

Уметноста повеќе не се грижи да и служи на државата и религијата. Таа повеќе не сака да илустрира историја на стилови, не сака ништо повеќе да има со предметот како таков и верува дека може да постои во и за себе, без нешта.

Покрај сличностите меѓу двете движења, сепак тие се антагонисти и многу е важно да се нагласи разликата меѓу нив. Супрематизмот ја отфрла хуманистичката филозофија, која го сместува човекот во центар на универзумот, а наместо тоа предвидува дека човекот, односно уметникот, е основоположник и предавател на единствената вистинска реалност – според Малевич: целосна не-објективност.

Текст: Марија Јовановска

marulka

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.