Што е теракота?

Дали некогаш досега сте се запрашала што значи моето име?

Теракота е колективен термин за различни керамички предмети и вајарски дела, направени од глина и печени на високи температури, без глазура. Глазура е сјајна смеса со која се премачкуваат глинените, порцеланските, металните и останатите предмети, за подобра цврстина, непропустливост и украсување. Во градежништвото, теракотата се користи за изградба на внатрешните цевки, за обложување на ѕидовите со плочки и покривање на крововите.

Зборот „теракота“, има италијанско потекло и означува „печена земја“. Теракотата може многу лесно да се изваја во најразлични форми. За да се зацврсти, мора да се испече на температура до 1100 °С. Штом се стврдне, таа сеуште е порозна и треба да се натопи со вода.

Теракотата постои многу долго време. Таа била единствениот глинен производ кој се користел се до XIV век. Археолозите имаат пронајдено скулптури од теракота, приближно 5000 години стари!

Можеби едно од најспектакуларните дела на светот направени од теракота е „Теракотната Војска“. Теракотната војска е колекција од преку 7000 скулптури на воини и коњи, направени од глина. Оваа колекција била пронајдена во гробницата на првиот кинески цар, Чин Ше Хуанг.

Сите скулптури од колекцијата биле во природна големина. Теракотната војска била за прв пат откриена во март, 1974 година. Таа се состоела од преку 8000 војници, 130 кочии, 520 коњи и 150 коњаници. Овие скулптури биле закопани заедно со царот Чин Ше Хуанг, кој верувал дека неговата војска ќе го штити во задгробниот живот. Скулптурите во гробницата се насочени кон исток и се поставени во борбена формација. Секоја скулптура е посебна и не постојат две идентични. Скулптурите се наоружани со лакови , стрели, мачови и слично. Во периодот кога биле откриени, оружјето сеуште било оштро.

Во 1980 година, во гробницата биле отркриени уште две бронзени кочии. Секоја од нив се состоела од 3000 различни делови и биле влечени од четири коња.

проф. Теракота

Професорката Теракота е инспирација за сликарите, музичарите, поетите, актерите. Таа е професорка по предметот Уметност. Нејзиниот мек и мелодичен глас, во моменти на лутина и вознемиреност се претвара во продорен крик.