ПРОЕКТ: „ПРЕД ДА ИСЧЕЗНАТ“ – ДА ГИ ВИДИМЕ, РАЗБЕРЕМЕ И ЗАПОМНИМЕ ПЛЕМИЊАТА ВО ИСЧЕЗНУВАЊЕ

Џими Нелсон (Jimmy Nelson) роден 1967 година, во Севаноукс, Кент, започна да работи како фотограф во 1987 година. Откако помина 10 години во езуитскиот интернат во северниот дел на Англија, замина сосем сам да пропатува по целата должина на Тибет, пешачејќи. Патувањето траеше една година и по неговото враќање, на огромно задоволство ширум светот, беше објавен неговиот несекојдневен визуелен дневник кој обелоденува живописни слики од, претходно, непристапниот Тибет. Тибетантскиот регион е уште познат и како „Кровот на светот“.krugche

Набргу потоа, Нелсон беше овластен фотографски да покрие мноштво актуелни културолошки теми, рангирани од навлегувањето на Русија во Авганистан и тековната борба меѓу Индија и Пакистан во Кашмир, па сè до почетокот на војната во поранешна Југославија.

Во почетокот на 1994-та, заедно со својата сопруга го реализираа 30-месечениот проект наречен „Книжевни портрети на Кина“, кој ги однесе до сите скриени ќошиња на новoсоздадената Народна Република. По неговото завршување, фотографиите беа изложени на плоштадот Тјенанмен, во Пекинг. Потоа следуваше и светска турнеја со проектот.

Од 1997 година па наваму, Џими почна успешно да работи во областа на комерцијалниот адвертајзинг, работејќи за многу од светските водечки брендови. Истовремено започна и со својата колекција на портрети од далечни и уникатни култури, фотографирани со традиционална, 50 години стара, плочеста камера. Следуваа многу награди. Успешното изложување и продавање на овие фотографии во интернационални рамки, беше иницијалната искра, почетниот ентузијазам за создавањето на проектот наречен „Пред да исчезнат“ (анг. „Before Тhey Pass Away“). Проект чија цел е да нè натера да ги видиме, разбереме и запомниме племињата во исчезнување.

fotkanelson

Недопрената чистота на човештвото постои. Таму е, во планините, на ледените полиња, во џунглите, долж реките и во долините. Џими Нелсон ги пронајде последните членови на племињата во изумирање и ги набљудуваше. Се смееше со нив и ги пиеше нивните мистериозни напивки. Дури потоа ја вадеше камерата. Го споделуваше она што вистински луѓето го споделуваат: вибрации, невидливи, но опипливи. Ја приспособи својата антена на иста фреквенција со нивната. Како што растеше довербата, се разви вземно разбирање за мисијата: светот не смее да заборави како стоеле работите.

Постои чиста убавина во нивните светогледи и фамилијарни врски, нивните верувања во божества и во природата, волјата да го направат исправното, во име на тоа да бидат згрижени кога ќе дојде нивното време. Без оглед дали во Папуа – Нова Гвинеја, или во Казахстан, Етиопија, Сибир, племињата се последните скривалишта на природната автентичност. Еве што вели Нелсон за проектот:

Во 2009, планирав да станам гостин на 31 изолирано, самотно и визуелно уникатно племе. Сакав да посведочам на нивните долговековни традиции, да се приклучам во нивните ритуали и да откријам како останатиот свет се заканува да го измени нивниот начин на живот засекогаш. Најважно од сè, сакав да создадам амбициозен естетски фотографски документ кој ќе го запре тестот на времето. Уметност на човечкото тело која ќе биде незаменлив етнографски запис од световите кои многу бргу исчезнуваат.

Елегантни и предизвикувачки портрети направени со 4×5 камера. Деталноста која е постигната со користењето на така големи негативи, ќе овозможи несекојдневен поглед во емотивниот и духовниот живот на последните домородни луѓе во светот. Во исто време, ќе ја слави нивната разновидна и единствена културна креативност, со цртањето на нивните лица, обележаните тела, накитот, екстравагантните фризури и ритуалниот јазик.

Галерија; Инфографик

infografik-jimmy-nelson

Before Тhey Pass Away
Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.