Ледени скулптури

Во моменти на креативност, по што најпрво посегнувате? Боици? Четки? Пластелин? Глина? Веројатно не посегнувате по моторна пила и големо парче мраз!? Но, верувале или не, постојат голем број уметници кои го прават тоа!

Скулпторите на мраз користат моторни пили и специјални длета за да извајаат уметнички дела од големи блокови мраз. Овие уметнички дела вообичаено се прават за посебни пригоди како: свадби, модерни приватни забави, гала вечери во одредени ресторани и слично.

Во мошне студените предели, со тешки машини се отстрануваат парчиња мраз од замрзнати реки, езера или бари.

Постојат голем број фестивали за ледени скулптури. Меѓу најпознатите е Хабрин – фестивал на снежни и ледени скулптури во северна Кина. На овој фестивал се изработуваат величествени градби од ледени блокови кои едноставно воодушевуваат со својата креативност и убавина. Специјалното осветлување им дава посебна грациозност. Фесивалот во Харбин е еден од најголемите во светот одовој тип. Годишно го посетуваат и разгледуваат околу милион посетители. Официјалното отворање е на 5-ти јануари.

Доколку сте заинтересирани за вајарство, постои и една друга форма на вајање, а тоа е – вајањето на путер! Скулптури од путер започнале да се прават уште во VII век во Тибет.

http://vimeo.com/52186286

проф. Теракота

Професорката Теракота е инспирација за сликарите, музичарите, поетите, актерите. Таа е професорка по предметот Уметност. Нејзиниот мек и мелодичен глас, во моменти на лутина и вознемиреност се претвара во продорен крик.