Кратка историја на менталната болест во уметноста

Од Вилијам Хогарт до Ван Гог, уметноста придонесува за наше подобро разбирање на душевната болест.

Уметноста нé води по патот на восприемање на душевните болести – не како страни или како најнизок дел од човековата состојба, туку како позитивно и корисно искуство. Современата уметност дури го слави душевносто страдање како креативна авантура. Овој, таканаречен психијатриски модернизам, започнува со лудилото на Винсент ван Гог, а не носи до откритија на дела од пациенти кои се сметаат за нов вид уметност. Сепак, има многу подлабоки историски корени. Можеби и не е тешко да се види зошто уметниците често покажуваат емпатија кон она што општеството го нарекува болест:

kreativnostavocelost

Идејата да излезете надвор од себе, за да ги видите нештата одново, веројатно е исто толку стара колку и визиите на пештерскиот уметник, изразено од страна на античкиот грчки филозоф Платон, кој напишал дека поетската екстаза е единствениот извор на божествена вистина – Лудилото е дар од боговите.


novotovitore

mostottamu
Исцелување на опседнат човек на мостот Риалто (околу 1496 година)

Оваа сцена од секојдневниот живот во Венеција во XV век, ни открива на кој начин менталната болест била разбрана и третирана во средниот век. Некогаш нарекувана „Исцелување на лудиот“, но „опседнатост“ како поим, е поблизок до современите идеи на човекот за умот. Зад драмата на мостот Риалто, се крие демон, а страдањето на човекот не е ниту медицински, ниту социјален проблем, туку религиозно искуство.


matijalgrineva

iskushenietonovo
Искушението на Св. Антониј (околу 1512-1516)

Доцните средновековни уметници биле фасцинирани од ранохристијанскиот пустиножител Св. Антониј Велики, кој бил под искушение од демони. За Гриневалд, тоа се претворило во навистина личен психолошки терор, слика на човек чија пресметливост е под закана. Бесконечно ужасните облици на демоните се како изобличени мисли. Ова е дело внимателно работено, бидејќи е дел од Изенхајмскиот олтар, на манастирот Св. Антониј, каде биле третирани луѓе со кожни болести, како на пример ерготизам. Еден од ѓаволите има сива кожа и рани кои се појавуваат и на други делови на олтарот, а потсетуваат на болестите кои се третирале. Дали оттаму оваа преполна сцена прикажува закана за менталното здравје, поставено под закана од ектремни физички страдања? Влијанието врз германскиот експресионизам е очигледно и до ден денес е ремек-дело на заканетиот ум.


albrehtdirer

melanjolijata
Меланхолија (1514 година)

Ова визионерско уметничко дело е подеднакво дијагноза и херојска прослава на она што денес се смета за болест. Меланхолијата во средниот век, била позната и искусена како темнина родена од дисбалансот на задоволството. Таа темнина е присутна на замисленото лице на духот на меланхолијата на Дирер. Во нејзиниот очај, таа се чини немоќна да продолжи со нејзните големи дела. Се суди по нејзините алатки: математичар, геодет и архитект – ренесансен гениј. Дирер преку овој амблем го отсликува својот сопствен живот и знаење за комплексноста на умот. Меланхолијата во неговите очи е знак за гениј – да се стреми кон знаење и создавање, е да се падне во очај. За Дирер, несреќата е благородна. Оваа графика веројатно е почетокот на модерната психологија.


fransicskogoja

gojatacover
(околу 1799 година)

Приказот на Гоја на човек кој спие (уметникот) и е мета на ноќните чудовишта, е слика за кревкоста на разумот, создадена на крајот од Просветителството – големото движење од VIII век, кое се обидело да го промени светот со помош на енциклопедии, научни демонстрации и првите фабрики. Песиместичкиот но внимателен поглед на Гоја е дека разумот само некогаш владее со дел од нашиот ум, морајќи да го дели светот со кошмарите. На почетокот од модерната ера, ова големо дело ги одекнува старите прикази на Искушенијата на Св. Антониј, чии напаѓачи и покрај сé, не исчезнале.


teodorborder

 – Портрети на лудите (1822 година)
Портрети на лудите (1822 година)

Романтизмот било време кога екстремни состојби на умот и сопствени, внатрешни страдања биле клучни за поезијата и уметноста. Ова разположение на интроспекција, отвара нови очи за менталното здравје во портретите на „лудите“ на Жерико. Насликал десет од овие портрети, од кои пет сé уште постојат. Портретираните биле пациенти на неговиот пријател д-р Етјен-Жан Жорже. Во ова дело, постои длабока почит и човечко сочувство за една жена, чија болест се чини е најмногу видлива како најдлабока тага. Бегајќи од стереотипите и предрасудите, Жерико отсликува ментална болест како дел од човековата состојба, со која тој самиот како уметник чии слики се дават во смрт и насилство, се чувствува необично близок.


gustavkurbeborder

Автопортрет (1843 – 1845)
Автопортрет (1843 – 1845)

Во момент на романтичарска возбуда, Курбе се прикажува себе си како „лудак“, а неговото лице го црта екстатично и преплашено. Неговата очајна сосотојба на умот не е срамна болест, туку симбол на уметничка гордост. Во традиција која датира со меланхолијата на Дирер, но со нова постигната сила за време на роматичарите, подеднакво е генијалец и лудак. Ова лице на очај е ликот на авангардата од XIX век. Курбе изгледа како лик излезен од приказните на Едгар Алан По, неговиот ум се расплеткува на начин кој ги фасцинирал првите модерни уметници.


vinceteborder

Автопортрет (1889)
Автопортрет (1889)

Ван Гог бил фасциниран од слика од XIX век  наречена „Лудилото на Хуго ван дер Гос“. Во ова дело, уметникот кој бил затвотен во манастир поради ментална болест, бил задлабочен во маки, додека оние околу него очајно се обидувале да му помогнат на измачениот човек. Ван Гог напишал дека понекогаш се идентификувал со ова дело. За кратко период по отсекување на сопственото уво, тој се препознава како слично погоден човек. Но, дали навистина е? Очите на Винсент се кристално сини, а погледот точен и продорен. Својот лик го гледа објективно, со длабока вистина. Не е „нормален“, ниту пак „луд“, туку човек кој ни зборува со храброст и чесност.


edvardtextborder

scremotedvardborder
Вресок (1893)

Лудилото е модерна состојба во ова уметничко дело, кое е јасно како теорема. „Вресокот е универзален. Ова е начинот на кој денешниот живот прави да се чувствуваме“, вели Мунк. Желбата да се вреска од болка и изолација, под треперливото небо е сосема нормален одговор, на еден луд свет. Уметничката ревалвација на менталната болест која започнала во романтизмот, Мунк ја сведува на логичен заклучок: не постои лудница, туку самиот свет.

Галерија:

 

Текст: Марија Јовановска

marulka

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.