Исламска уметност

Терминот исламска уметност не е ограничен само на религиозна уметност, туку ги карактеризира сите видови на уметности развиени во богатите и разновидни култури на исламските општества (територии кои се протегаат од Шпанија, па се до Индија). Исламот, како нешто повеќе од религија, односно како начин на живот, поттикнува развој на посебна култура со уникатен уметнички јазик кој се рефлектира низ уметноста, архитектурата, калиграфијата, мебелот и секој друг вид творештво.

Исламската уметност не ја копира природата, туку го пренесува она што истата го претставува. Таа е огледало на една култура и нејзин светоглед, вибрантна и посебна од целокупната уметност. Поради строгата забранетост од цртање човечки ликови и животни, кои може да доведат до идеопоклонство, исламската уметност развива карактеристичен стил, со користење примарни форми, геометриски арабески, цветни и калиграфски. Затоа оваа уметност рефлектира балансиран и хармоничен поглед кон светот. Со брилијантната употреба на боја и балансираност на истата, се добива моментален визуелен ефект.
ornaСликарството и скулптурата, не се сметаат за најфини форми на уметност, но затоа книгите се водечка уметничка форма, а исто така и калиграфијата има висок статус во Исламот, бидејќи се смета за значајна декорација на архитектурата и предметите. Постојат и повторувачки елементи, како употребата на цветните геометриски дизајни познати под името арабески. Арабеската во исламската уметност, се користи со цел да ја симболизира трансцедентната, неделива и бесконечна природа на Бог. Се вели дека грешките во повторувањата, намерно се правеле од уметниците, како симбол на понизност, бидејќи верувале дека само Бог може да создаде совршенство.

Во областа на архитектурата, се создаваат градби со специфични функции, како џамии и медреси во најразлични форми, но често според една иста, основна шема. Куќите и градините се издвојуваат по своите интересни архитектонски решенија. Традиционалната исламска куќа е изградена околу двориште, а кон улиците покажува само ѕидови без прозорци, со тоа го заштитува семејството и семејниот живот од суровите надворешни услови на многу исламски земји. Градбите често се декорирани, а една од клучните карактеристики е бојата.

ornament

Како геометријата може да биде духовна?

Бидејќи кругот нема почеток ниту крај, односно е бесконечен, треба да биде потсетник за бесконечноста на Бог, а комплексните геометриски дизајни, создаваат чувство на репетиција кое, исто така, треба да потсети на бескрајната природа на Бог. Исламската уметност има за цел да ја илустрира суштината на нештата, наместо нивната физичка форма, да го насочи фокусот на спиритуалната репрезентација на објектите и суштествата, а не и на нивните физички квалитети.

Текст: Марија Јовновска

marulka

 

 

Галерија: 
Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.