Густав Каибот – импресионистот зад објективот

Густав Каибот (Gustave Caillebotte) – француски уметник од XIX век, кој претставува мистериозна и помалку позната фигура во импресионистичкиот круг и покрај неговиот значителен придонес за импресионистичката ликовна сцена. Како резултат на големото наследство добиено од својот татко, Густав имал голем финансиски придонес кон групата, но исто така бил и редовен учесник на изложбите.

Сепак, во споредба со неговите пријатели – импресионисти Едгар Дега, Огист Реноар и Пол Сезан, неговите дела се најмалку познати. Можеби најпознато дело од Каибот е „Стругачите на подот“ (The Floor Scrapers) од 1875 год, која била одбиена од Салонот во Париз, бидејќи била работена во реалистички и модерен стил. Сепак, прифатен од страна на импресионистите, Каибот продолжил да слика сцени од парискиот живот : ентериери, портрети на неговите колеги,пријатели, пејзажи, овошје, животни и локални пазари како и најимпресивните улични сцени, насликани на големо платно.

strugachi

Една од причините зошто никогаш вистински не бил прифатен како еден од импресионистите, е самата природа и процесот на неговите дела и сликарство. Сите негови дела имаат силно чувство на движење кое во сплет со времето стои замрзнато на платното. Познато е дека Каибот се восхитувал на фотографијата како уметничка форма, а се наведува и дека и самиот ја инкорпорирал фотографската слика во процесот на сликање. Тој ги прецртувал фотографиите за точни архитектонски детали и за поставување на луѓето на улиците. Импресионистите не биле задоволни од идејата на прецртување на нивните дела од веќе постоечка слика; тие верувале во сликање директно од животот, мешајќи бои и бркајќи движења.

Да, Каибот бил оттргнат од толкувањата на импресионистите од тоа време, но денес по импресивниот развој на фотографијата како медиум, можеме само да го цениме за неговата прекрасна смисла за композиција, осветлување и способност да го фати правиот момент, како што тоа би го направил КартиеБресон со својата камера 60 години подоцна.

mostot

Композициите на Каибот, му создаваат чувство на гледачот како да е внатре во сликата, на париските улици, одејќи рамо до рамо со луѓето од 1870-тите.  Во кадрите од неговите сцени, наоѓаме по некој лик на самиот раб од рамката, давајќи чувство на време, дека тој ги фатил само секунда покасно и сега веќе одат покрај него. Тој намерно ги дава овие индиции и сугестии, со цел да го покаже брзиот тек на времето, кој овозможува непосредност на неговата работа и го привлекува гледачот во тој момент. Луѓето ги слика одблизу, сред нивните чекори, а перспективата му е реална, природна за гледачот.

Каибот треба да се смета за голем фотограф, уметник кој творел во мешани медиуми, па дури и концептуален уметник во споредба со импресионистите. Во неговите дела го препознаваме карактерот на ликовите, нивните погледи, говорот на телото и емоциите, а во уличните сцени се препознава реалноста на човекот во големиот град.

Иако неговиот процес на инкорпорирање на фотографија бил одбиен во тоа време, денес неговите дела имаат моќна привлечност и го носат гледачот назад во светот на Каибот, со неверојатно чувство на реалност, убавина и звук.

Текст: Марија Јовановска

marulka

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.