Клод Моне

Оскар Клод Моне е роден 1840 година и до ден денес е еден од најпознатите француски уметници. Тој бил клучна фигура во имресионистичкото движење, кое го трансформира француското сликарство, во втората половина на XIX век. Моне е еден од најдоследните и најплодните уметници кои ја применувале филозофијата на движењето за изразување на своите перцепции пред природата, односно сликање на отворено. Самиот термин импресионизам е изведен од насловот на една негова слика: Impression, Sunrise.

Париз била главната фокусна точка во неговата долга и сјајна кариера. Во делата кои ги создавал, го отсликувал градот, прекрасната природа и сценографија, и париското безделништво. Моне бил лидер во 20-от век, со својата нова форма на модерно сликарство и развиениот уникатен стил, кој многу уметници потоа ќе се обидат да го следат. Способноста да ја согледа природата и начинот на кој таа работи, е централната точка на овој негов нов пристап кон создавање на делата од овој период.

Бил израснат во Нормандија и првично воведен во сликарството од страна на Eugene Boudin, а подоцна студирал кај холандскиот пејзажист Johan Jongkind. На свои 22 години, се приклучува на познатата школа за француски уметници, водена од Charles Glyere, а негови соученици биле голем број идни, познати имресионистички сликари, кои тука ги учеле основите на уметничката форма.

Следејќи ја патеката на Барбизонските сликари кои твореле во шумата Фонтебло во почетокот на ХХ век, Моне ја усвоил и проширил нивната посветеност за близок пристап со природата, отвореноста и природните елементи.

На почетокот на својата кариера, Моне ужива ограничен успех за делата кои ги создавал. Многу од неговите пејзажи и морски глетки, како и некои портрети од 1860-те години, биле дел од изложби. Но, познатите негови дела, по кои подоцна станува препознатлив, не биле рано прифатени, што се должи на фактот дека неговиот стил на уметност, сеуште не бил прифатен во тој период. Во текот на многу изложби, голем дел од  неговата работа била доста критикувана и одбивана од уметничката заедница. Но, Моне и слични уметници, таа навреда и отфрлање ја доживуваат како чест, за потоа да го создадат импресионизмот, кој го опишува нивниот вид на уметност, кој досега светот не го беше видел.

Во поголемиот дел од своите дела, Моне слика ликови и фигури со кои веќе бил запознаен. Неговта прва сопруга Camille и втората Alice, најчесто ги користел како модели и тест субјекти за своите нови креации и уметнички дела кои ги создавал на почетокот на кариерата. Доста патувал од Франција во Лондон и во други мали околни градови, во овој период од животот, за на крај, патот да го доведе во Живерни, во 1883 година. Многу од домовите каде живеел, често служеле како калапи за создавње уметност, а и не само за Моне, туку и за многу од неговите пријатели-уметници кои твореле овој период , како Manet и Renoir, кои често сликале  заедно со својот домаќин во градината.

Madame and Monsieur Monet
Madame and Monsieur Monet

Следејќи ја патеката на барбизонските сликари кои твореле во шумата Фонтебло во почетокот на 20-от век, Моне ја усвоил и проширил нивната посветеност за близок пристап со природата, отвореноста и природните елементи. Сепак, за разлика од барбизонските сликари кои работеле во мали размери и најчесто во природа ги правеле само прелиминарните скици, Моне се фокусира на најголемите стативи и платна и работи директно на нив, за потоа само да ги доврши делата во неговото студио. Целта му била да ја прикаже природата во својата најчиста форма, токму каква што се појавува. Го одбива европскиот пристап на смели бои и дизајни и апстрактна уметност и креаира дела од реалниот живот – слика она што го гледа. Под влијание на јапонските дрворези, асиметричните аранжмани на формите на Моне ја нагласуваат својата дводимензионалност, со елиминирање на линеарната перспектива и напуштање на тродимензионалното моделирање. Неговите платна се одликуваат со вибрантна осветленост, бидејќи боите ги нанесувал директно на платното, а користел и голем број на тонови во неговите сенки.

Неговиот интерес за снимање на перцептивните процеси, го достигнува својот врв со  сериите слики, Haystacks, Poplars и Rouen Cathedral, кои доминираат во неговото творештво во 1890-те години. Во секоја од сериите, Моне ја слика истата локација, одново и одново, забележувајќи како нејзиниот изглед се менува во текот на денот, во зависност од часот. Светлината и сенката е значајна колку и каменот на катедралата, во серијата дела посветени на неа. Моне најмил соба спроти западната фасада на катедралата, во 1892-93 година, каде чувал повеќе платна во прогрес и се движел од едно до друго заедно со светлината, со цел да ги фати истите совршени агли во право време од денот. До 1894 година, ги завршува делата поврзани со неа, која станува една од неговите најпознати серии уметнички дела.

Во почетокот на новиот век, Моне се фокусира речиси исклучиво на живописните езерца со кринови, кои ги созздал на неговиот имот во Живерни. Во неговата финална серија, е прикажано езерцето во збирка од платна со големина на мурали, каде препознаваме апстрактни претстави на растенија и вода, изведени со широки потези на боја со четката и комплексно изградена структура. Кратко време по неговата смрт во 1926 година, француската влада ја инсталира неговата последна серија во посебна галерија во Orangerie во Париз, каде се наоѓаат и денес.

 

Текст: Марија Јовановска

marulka

проф. Теракота

Професорката Теракота е инспирација за сликарите, музичарите, поетите, актерите. Таа е професорка по предметот Уметност. Нејзиниот мек и мелодичен глас, во моменти на лутина и вознемиреност се претвара во продорен крик.