Последниот Крал (The Last King)

Во 1987 година, норвешкиот режисер Нилс Гауп, го сними својот прв филм на лапонски јазик „Извидник“ (Pathfinder), – народна приказна за младо момче, кое е сведок на убиството на своето семејство од убијци наречени tjuder и е во потрага по нивна одмазда.

Номиниран за Оскар во 1987 година за најдобар странски филм {каде загубил од данскиот „Гозбата на Бабет“ (Babette’s Feast)}, а во 2007 година го добива и својот американски римејк, што го претстави Гауп како режисер кој што треба да се погледне.

Во „Последниот Крал“ (The Last King), со оргинален наслов „Birkebeinerne“, Gaup ја раскажува приказната за херојското спасување кое ќе ја промени норвешката историја.


Не бидете загрижени ако не сте добро запознаени со норвешка историја пред да ја погледнете оваа епска приказна, бидејќи, освен историчарите, во неа можат да се пронајдат моменти и за љубители на возбудливи тепачки и скијање (да, скијање) и секако за страствените фанови на Игра на Тронови (Game of Thrones), особено за оние на слободните луѓе, и на брадестиот џинџер Тормунд, односно Kристофер Хивју (Kristofer Hivju) кој ја има главната улога, или пак Торбјорн Хар (Thorbjørn Harr) – лукавиот Јарл Борг од серијата Викинзи.

Дејствието се случува во 1204 година, а приказната го вклучува бебето Хакон – вонбрачен син на неодамна убиениот норвешки крал, по кој трагаат баглерите (припадници на Багларска партија во периодот на норвешките граѓански војни, составена главно од норвешка аристократија, свештеници и трговци) со намера да го завземат тронот.


Двајца воини од бунтовничката партија се обидуваат да го заштитат идниот крал, a нивното опасно патување низ снежната дивина на Норвешка станува легендарно, каде сé уште им се оддава почит преку спортски настани, како и годишното трчање на скии.

Час и половина совршени снежни шуми, планински врвови, скијање и поларни светлини – соодветна јануарска атмосфера.

Видео: Последниот Крал
Текст: Марија Јовановска

marulka

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.