Облакот Атлас

Оригинален наслов: Cloud Atlas

172 мин – Авантура | Драма | Научна – фантастика

26 октомври 2012 (САД)

Режија: Tom TykwerAndy Wachowski and Lana Wachowski

Улоги: Tom HanksHalle BerryHugh Grant, Jim Sturgess, Susan Sarandon, Hugo Weaving, Doona Bae, Ben Whishaw, Jim Broadbent

Дејствие

Сé е поврзано: дневник од 1849 година со авантури од океанско патешествие преку Пацификот; писма пратени од композитор до својот љубовник; трилер поврзан со убиство во нуклеарна централа; фарса околу еден издавач во старечки дом; бунтовнички клон во футуристичка Кореја; и приказна за животот на едно племе во идно, пост-апокалиптично Хаваи.

Реинкарнацијата на душата патува низ времето, започнувајќи во 1849 година, со дневникот на потенцијален сопственик на робови и патешествието преку Пацификот. Патот на душата продолжува во 1930тите години во Британија преку талентираниот композитор и писмата до неговиот љубовник, потоа во 1970тите години преку една истрагата на новинарка за корумпиран случај со америкнаска нуклеарна централа, во 2012 преку комично заложништво на еден издавач во старечни дом, во 2144 година во Кореја преку возбудливо, бунтовничко бегство на еден клон и конечно во 2300 година преку борбата меѓу член од едно племе и канибали во пост-апокалиптично Хаваи.

Секоја приказна ги предизвикува видоизменетите норми на времето, менувајќи го текот на историјата и создавајќи ја иднината преку големите и мали добри дела.

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.