Cinedays #13:  „Белите ноќи на поштарот“ – Андреј Кончаловски

Оригинален наслов: „Belye nochi pochtalona Alekseya Tryapitsyna“

90 минути – Драма

Премиера: 14 ноември 2014 – Cinedays

Режија: Аndrey Konchalovskiy

Улоги: Aleksey Tryapitsyn, Irina Ermolova, Timur Bondarenko, Viktor Kolobkov, Viktor Berezin

Дејствие:

Изолирано село на далечниот север во Русија е поставката за „Белите ноќи на поштарот“, на Андреј Кончаловски – фантастичен долгометражен филм, прикажан преку реалноста на група вистински локални жители кои го претставуваат својот секојдневен живот. Приказната се однесува на харизматичниот поштар кој е единствената врска меѓу локалното население и светот. Тоа е и приликата на Кончаловски да изнесе мноштво теми – од возвишеноста на природата, до пост-комунистичката носталгија и, секогаш, вотката. Околината е често доловена од еден чуден, речиси искривен агол, со акцент на необичната природа на жителите. Волшебната, разлеана северна светлина, само придонесува за нејзината величенственот.

„Белите ноќи на поштарот“ не се исмева со локалносто население, но ги прикажува како едноставен народ со основни потреби. И споредните ликови, како продавачката или пак одговорната на поштата, изразуваат голем интерес.

Андреј Кончаловски, успеал да ни понуди една интимна и мошне емоционална идила.

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.