Саксонските хроники | Бернард Корнвел

„Саксонските хроники“ (The Saxon Stories), серијата книги на Бернард Корнвел, е авантуристичко прераскажување на еден од најважните конфликти во историјата на западниот свет. Од многуте драматични приказни, борби и освојувања кои го исцртуваат пејзажот од викиншко доба, ниту еден не е повеќе зачудувачки од нападот на Големата Данска армија во IX-от век над Англија и жестоките кампањи во кои единственото преживеано англо-саксонско кралство на крајот ја враќа земјата, која речиси педесет години била под инвазија.


map

 


Возбудливата серија, Корнвел ја започнува со Големата инвазија, во која данската армија целосно уништила две од четирите големи кралства на Англија, а третото кралство Мерсија го оставила како потчинет дел. Притоа, го притиснале до самиот раб на пропаст кралството Весекс, кое во првиот дел од серијата книги е именувано како „Последното кралство“. Кралот Алфред го води Весекс, преку серија војни кои беснеат во првите пет романи. Во шестиот роман, додека кралот е на смртната постела, нова серија битки ќе ги стави на тест неговите наследници, кои ќе се обидат да ги дофатат, или можеби надминат, достигнувањата на нивниот татко.

Главниот протагонист на Корнвел е младиот Ухтред од Бебенбург, наследникот на изгубена територија на северот. Израснат од паганските освојувачи, ги прифаќа нивните верувања и ги учи викиншките методи на борба, со кои подоцна застанува во првите редови од одбраната на последното преживеано саксонско кралство.


Во Саксонските хроники, Бернард Корнвел, го носи читателот на една интензивна и живописна рекреација на средновековна борба. Првите две книги од оваа едиција, се основата за тв-серијата „Последното Кралство“ (The Last Kingdom), во продукција на BBC.

Десетиот роман од серијата - „Носителот на пламен“, е издаден во октомври, 2016 година.

Текст: Марија Јовановска

marulka

 

 

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.