Извонредни акустични вештини на животните

Од мајмунски крикови, до штракања на канџите на штракачките ракчиња, животните користат моќни звуци за да направат сé за утврдување на својата територија и за стаписување на пленот. Постои многу голем опсег на способност и гласност на животните. Иако гласовите и звуците на секое животно се извонредни на посебен начин, како резултат на милиони години на еволуција, истражувачите од училиштето „Никулец“, имаат неколку омилени:

Лав

lion-roaring-flickr-iam_photo

Иако не се едни од најгласните на Земјата, 115 децибелните крикови на лавовите патуваат насекаде низ регионот Серенгети.

Послушајте го крикот на лавот:

Син кит

blue-whale-pod-ocean-noaa

Сините китови, чии срциња имаат големина колку еден компактен автомобил, се најголемите животни на Земјата. Иако нечујни за човековото уво, нивните инфрасонични викови патуваат до 1610 километри низ отворениот океан. Нивниот татнеж, може да достигне јачина до 188 децибели.
Но, јачината на звукот во водата, не е еднаква со јачината на звукот надвор од неа, бидејќи воздухот, за разлика од водата, не е толку густ. Генерално прифатена конверзија на водата и воздухот е одземање на 62 децибели, со што глсноста на викот на синиот кит ќе биде еднаква на 126 децибели во воздухот.

Послушајте го крикот на синиот кит:

Делфин

delf

Цивкањата на делфините претставуваат нешто многу поголемо од слатка комуникација. Целата глава на делфинот, претставува прецизно поставена, биолошка, сонарна машина, која им овозможува да гледаат низ длабоките, темни води. Делфините произведуваат многу кратки, но многу интензивни, високо-фреквентни звуци и се чини како ласерски зраци да излегуваат од нивните чела. Комората во нивното заоблено чело, емитува ултразвучни пулсирања. Виличните коски, исполнети со масти, го спроведуваат ехото до нивните уши. Екот на некои делфини, може да достигне и висина од 220 децибели.

Послушајте го крикот на делфинот:

Мајмун

howler-monkey-howling-flickr-drurydrama

Секое утро и секоја ноќ, од крошните на дрвјата во џунглите, завивањата и разговорите на мајмуните можат да достигнат звучна јачина и до 140 децибели. Викот на одредени видови мајмуни, може да се чуе низ централните и јужно-американски џунгли и на растојание од 5 километри. Истражувачите сметаат дека групите мајмуни ја користат вокализацијата со цел да ги објават територијалните граници и да ја одбегнат конкуренцијата за храна.

Послушајте го крикот на мајмунот:

Жабовки

three-spined-toadfish-aaron-rice

Едни од најбрзите грчења на мускулите во светот се одвиваат во мочните меури на жабовките. Мускулите на овие чудни суштества помагаат при вибрирање на нивните мочни меури, притоа произведувајќи стенкања и крици. Територијалните крици и криците на жабовките за време на парењето се толку гласни во водата (129 децибели), што можат да се чујат и надвор од неа. Чудните крици содржат и дополнителен слој на комплексни информации, веројатно овозможувајќи побогата комуникација, за разлика од онаа меѓу рибите.

Послушајте го крикот на жабовките:

 

Текст: Радмила Бошкова

radmilda

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.