Заврши несекојдневно позитивниот Таксират 17! (фото галерија)

Со одржувањето на главната вечер, на 7-ми декември во Метрополис Арена во Скопје беше официјално затворено 17-тото издание на Таксират Фестивал, кој помина со одлична забава и во неверојатно позитивна атмосфера. Завршната прослава на Таксират 17, ја отвори групата Sabaton, а потоа фестивалот го одбележаа и настапите на Laibach, La Pegatina, 2Cellos, С.А.Ф. & Тони Китановски Little Big Band и Modestep.

17-тото издание на Таксират, пречека скоро 60 изведувачи од над 26 земји во Европа, актуелни ѕвезди и оние кои допрва ќе блеснат на музичката сцена.

Одлична музика, многу забава и прекрасно дружење.

 

Фотографии: Кочо Сотировски
Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.