Вечерва, 15 мај, концерт на групата Dog Eat Dog во Младински Културен Центар

Вечерва, 15 мај, се одржува концертот на групата Dog Eat Dog во Младински Културен Центар во Скопје. Билетите се пуштени во продажба од 10 март, во продажната мрежа на МКтикетс! Цената на влезниците од 1. април до денот на концертот, ќе изнесува 350 денари, додека пак вечерва, на денот на концертот, на билетарата на Младински Културен Центар влезниците ќе се продаваат по полната цена од 400 денари.

TV Rage македонскиот рок’ен’рол бенд кој го претставува нојз-панк звукот на младата и плодна кумановска сцена, ќе настапи како предгрупа на концертот на Dog Eat Dog. Овој трочлен бенд во состав на Предраг Митиќ (гитара, вокал), Дамјан Поповски (бас гитара) и Анџело Мацура (тапани) постои скоро две години, а веќе работи на снимањето на својот деби албум, чие објавување се очекува кон крајот на 2014 година. TV Rage на настапот како предгрупа на концертот на Dog Eat Dog ќе го претстави и материјалот од своето ЕП издание насловено „Riot from the ground“.

Американскиот кросовер бенд Dog Eat Dog ја посетува Македонија во рамки на својата пролетна турнеја за 2014 година. Домашната публика го памети одличниот, прв и до сега единствен настап на DOG EAT DOG кај нас, кој се одржа во 1995 година во рамки на „Т Фестивал“ во Скопје, а речиси 19 години подоцна, овој енергичен состав повторно доаѓа во Македонија и тоа со свој самостоен концерт.

Dog Eat Dog е американски бенд од Њу Џерси, основан во 1990 година кога беше дел од хардкор музичката сцена на Њујорк и Њу Џерси. Со членови кои денес живеат во Њу Џерси, Вашингтон и Европа, бендот за себе вели дека е базиран на сите три локации. Dog Eat Dog беше еден од првите бендови кои почнаа да комбинираат хардкор и рап, стил кој подоцна прерасна во стандарден музички израз. Групата постигна комерцијален успех со сингловите како “No Fronts“, “Expect The Unexpected” и “Who’s The King” – кои го покажуваат токму нивниот уникатен спој на хардкор, рап и саксофон. Од нивниот прв албум па сѐ до денес, а особено во последната декада звукот на бендот еволуираше до вклучување на елементи од фанк, ска и хип хоп музиката.

Продажни места билетите:

  • Продажните салони на ONE во: Скопје (Рамстор, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Скопје Сити Мол), Куманово, Тетово,Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија
  • Во Скопје: Југотон ГТЦ 1 кат, МКЦ, Кафе Круг (Аеродром), Кафе Браво,МПМ ПРЕСС, Гоги Драчево
  • Oнлајн преку интернет страницата на МКтикетс

tvrage

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.