Vanka Regule – Надвор од Нормалното

Во гратчето Сутиван, на островот Брач, во Хрватска, во втората половина на месец јули се одржува еден неконвенционален и необичен фестивал, наречен Vanka Regule – Надвор од нормалното. Самото име кажува многу. Фестивал на екстремните спортови, со соодветна возбудлива филмска  и музичка програма. Фестивал за сите вљубеници во природата и авантурата. Може слободно да го опишеме како „Јадранските X Игри“ (X Games е спортски настан кој се организира во САД, посветен на екстремните спортови). Спортско качување,во рамките на кое и болдер качување на плажа, сурфање на ветар, паркур, едрење, slacklining (одење по јаже), кајакарење, планинарење, freeride bike (посебен вид на планински велосипедизам), веслање во стоечка позиција (посебен вид на сурфање) и што уште не.

Не станува збор за вообичаени спортски натпревари. С# започнало 1999-та година, како случаен собир на истомисленици, кои сакале да се забавуваат. Но, со оглед на растечката бројка на посетители и обожаватели на овие спортови, од година во година фестивалот станува с# позначаен. Магичните пејсажи на Брач полека, но сигурно стануваат неодминлива попатна станица на авантуристите од регионов. Целта на организаторите е што повеќе насмевки на лицата на стотици луѓе.

Истражувачите на Никулец дознаа за овој фестивал благодарение на искрената и инспиративна приказна на Тања Пенева, за нејзините доживувања со велосипедот и природата, долж Јадранската магистрала.

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.