Тимот на авганистански велосипедистки, ги руши родовите бариери!

„Велосипедот има многу повеќе придонесено во еманципацијата на жените, за разлика од сé останато во светот. Тој им дава на жените чувство на слобода и самостојност. Во моментот кога седнува  на седиштето, таа е сигурна дека ништо не може да и наштети. И така заминува на велосипедот, отсликувајќи слободна и неограничена женскост“.

Сузан Антони

Но, во Авганистан, повеќето жени ја немаат шансата да ја искусат оваа слобода. Иако на мажите им е дозволено да возат велосипеди, за жените тоа е општествено табу.

Многу е тешко да се поверува дека некој може да биде прекорен за возење велосипед – еден од најдобрите начини за транспорт, но тоа е реалност за жените во Авганистан. Дванаесет многу храбри жени од Кабул, зазедоа став против ова родово угентување, формирајќи го првиот авганистански, женски, велосипедски тим. Продукциската компанија Let Media, ги претвори нивните страсни приказни во еден инспиративен, документарен филм, наречен „Авганистански Велосипедисти“.

„Авганистански Велосипедисти“, претставува изработка на историјата од прва  рака, каде колку повеќе би станувале силни овие велисипедистки, толку поголема моќ би имале да ја извадат својата земја надвор од депресијата, сиромаштијата и тероризмот.

Прекршувајќи го табуто, овие млади жени демонстриаат како е да се расте во пост–талибанското доба. Нивната земја се соочува со криза, во истиот период кога интернационалните сили се повлекуваат од Авганистан, а авганистанската полиција продолжува со борбите против тешко вооружените талибански сили.

„Авганистански Велосипедисти“ ја илустрира заедничката човечност и моќта на спортот да создаде промена. Ова не е приказна само за Авганистан. Ова е приказна која се однесува на светот!

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.