Навивачки песни

Oбединето Кралство

Навивачките песни кои громогласно се пеат на спортските настани, можат да бидат историски (од самото формирање на клубот), адаптации на популарни песни или спонтани реакции за настани кои се случуваат на теренот. Преку песните најчесто се бодри домашниот тим, или пак се деконцентрира противничкиот. Понекогаш се случува навивачите да пеат песни за нивните ривали, без оглед дали на конкретниот натпревар играат против нив.

Да претставиме неколку култни навивачки песни од познатите фудбалски тимови на Обидинетото Кралство.

Ливерпул – You’ll Never Walk Alone

Песната е напишана од Ричард Роџерс и Оскар Хамерштајн за потребите на нивниот мјузикл во 1945 година, за подоцна да биде препеана од групата Gerry and the Pacemakers од Ливерпул. Песната веднаш станала химна на клубот од Ливепул, а домашните навивачи ден денес ја пеат пред секој натпревар.

http://www.youtube.com/watch?v=XlP9KGjqXf4

Вест Хем Јунајтед – I’m Forever Blowing Bubbles

Песната е напишана во далечната 1918 година во САД , веднаш е прифатена како клупска химна од навивачите на Вест Хем и речиси сто години се пее на почетокот од секој натпревар.

http://www.youtube.com/watch?v=Kn7NGJezKSQ

Селтик – I Just Can’t Get Enough

Навивачите на Селтик, исто како и навивачите на Ливепул ја пеат “You’ll Never Walk Alone” пред секој натпревар. Но,попознати се по начинот на кој го слават секој гол на нивниот клуб – со песната I Just Can’t Get Enough од Depeche Mode.

http://www.youtube.com/watch?v=TspYx7EaF5A

Манчестер Јунајтед – Glory Glory Man United

Песната е напишана од Френк Реншо за навивачите на Манчестер Јунајтед, кои ја пеат од раните 1980-ти.

https://www.youtube.com/watch?v=P6G-AsSoiLk

Стоук Сити – “Delilah”

Навивачите на Стоук ја прифатија песната од Том Џонс за нивна химна уште во 1970 година, откако неколкумина имале обичај да ја пеат во пабовите по завршувањето на натпреварот. Мал дел од текстот на песната е изменет поради потребите на навивачите, но сепак, нејзината суштината останува иста.

http://www.youtube.com/watch?v=tCpavz0uL88

Челзи – Blue Is the Colour

Песната е испеана од составот на Челзи во 1972 година, со цел да се ублажи неуспешното учество во Лига Купот против Стоук Сити. Набрзо станува една од подобро познатите фудбалски химни во Англискиот фудбал.

http://www.youtube.com/watch?v=3AY1yhlqCew

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.