Кронум: Неверојатната спортска комбинација

Можеби не се пронаоѓате во фудбалот. Кошарка? Многу здодевно ли? Ватерполо? Рагби? Многу конвенционално за вашите потреби? Добро, ќе може ли да се најде некој кој ќе ги искомбинира сите овие дисциплини во еден супер-луд спорт, со голем, кружен терен со трева, со откачени-специјално дизајнирани мрежи? Што? Кронум?

Добредојдовте во Кронум – игра, созадена пред само неколку години од неколку смели луѓе од Филаделфија, кои очигледно биле незадоволни од веќе постоечките спортови. Како и секоја нова активност, ова игра можеби е потешка за разбирање, но доколку некогаш се издигне на повисоко ниво, можноста за нејзина широка популарност е неизбежна.

Засега, овој спорт се одвива на кружен терен со дијаметар од 64 метри, со 4 мрежи поставени во секој квадрант. Тимовите имаат по 10 играчи, а секој тим има два одбрамбени гола. Мечот е поделен на 3 периоди по 20 минути.

Теренот е поделен на 4 основни зони кои одлучуваат со кој дел од телото смееме да ја допреме топката и колку поена можеме да освоиме. Поставени околку секој гол, овие зони се нарекуваат: зона за поентирање, зона за пробивање, флекси-зона и зона за вкрстување. Во зоната за пробивање, не смееме да ја допреме топката со рака, а во останатите зони е дозволен контакт со топката со сите делови од телото. Дозволено ни е да направиме 2 чекори со топката пред да започнеме со „дриблингот“, без разлика во која зона се наоѓаме.

cover-kronum

Бодувањето не се основа единствено на зоната во која сме биле кога сме поентирале, туку и на делот од голот во кој сме поентирале. Над секој голмански простор има поставено „круна“ со пет прстени. Како и во спортот од волшебниот универзум на Хари Потер – квидич, играчите можат да постигнат поени со фрлање на топката во еден од прстените, а добиваат различни поени во зависност од која позиција и далечина ја фрлиле пред да поентираат.

Доколку се наоѓате во зоната за поентирање и ја шутнете топката во голманската „комора“ (Кронум термин за гоманскиот простор), освојувате 1 поен. Доколку ја забиете топката во истиот дел, добивате 2 поена. Од зоната за пробивање, гол во комората носи 2 поена, а шут или удар на топката со глава во еден од прстените, носи 4 поени на тимот. Од флекси-зоната, голот во комората носи 3 поени, додека гол во прстените – 6 поени. И конечно, доколку сте во било кој дел од зоната за вкрстување, гол во комората носи 4 поени, додека пак голот во еден од прстените носи 8 поени – инаку познат под името „кронум“.

Custom дизајнираните комори и нивните круни, се можеби најголемата пречка за формирање на сопствена Кронум лига, но тоа не ја спречува добербата на официјалната Кронум Лига, да се обиде да помогне при формирање на клубови и лиги, секаде каде има заинтересирани. На 16-ти ноември 2013 година, Кронум ја слави својата 5 годишнина.

зони

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.