Исландските фудбалери со заслужно место во Валхала, по триумфот над Англија

По секоја битка, Один го прочешлува бојното поле и ги избира најдобрите од паднатите воини, кои потоа ги носи во Валхала и ги подготвуа за Рагнарок – големата битка на луѓето и боговите, која кулминирала со уништување на светот за да се создаде подобар. Иако играчите на фудбалската репрезентација на Исланд, треба допрва да се покажуваат на бојното поле, нивните перформанси сигурно го имаат привлечено вниманието на Один.

Исланд триумфираше над Англија со 2:1 и обезбеди место меѓу најдобрите осум селекции на ЕУРО 2016. Позначаен од покајничката реакција на Англија за оправданиот пораз, беше одговорот на самите исландски репрезентативци и големиот број на интензивни и страсни поддржувачи кои се со нив од почетокот на ова магично патување.

gettyimages-543372636_wide-35661b555f538b59b2a3e1971e31d7f097e98ca6-s900-c85

И, се разбира, тука беше и исландскиот коментатор со својата поддршка:

Иако натрепварот беше резултатски отворен во корист на Англија, реализирајќи пенал за водство од 1:0 уште во 3-тата минута од наптреварот, играта на Исланд стана брза и смртоносна. Само 2 минути по пеналот на Вејн Руни, Исланд го изедначи резултатот. По следните 12 минути, Сигторсон, силно и прецизно го постигна вториот гол за Исланд, кој се докажа како одлучувачки.

1884919-39694258-2560-1440

Англија, технички, го надигра Исланд со разлика од 10 шута, но таа сурова статистика не ја раскажува приказната. Англичаните се покажаа задоволни со шутови од далечина, кои речиси не беа проблематични за исландската одбрана. Во меѓувреме, Исланд многу често се справуваше со играта во огромниот простор, канализирајќи ги своите викиншки предци во обиди да го разнесат англискиот гол со брзи и координирани напади.

Изненадувањето, иако големо по секоја мерка, беше необично од една јасна причина: признанието за тоа колку мала нација може да создаде силна чета на население и не само да се избори за својот пласман меѓу ваква голема конкуренција, туку и да предизвика вистинска бучава во процесот.  

AR-160629606

iceland-england-euro-2016_3491468

iceland1

Текст: Радмила Бошкова

radmilda

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.