Хокеј на мраз – почнува новата сезона на НХЛ

Нова ера во НХЛ

Со три натпревари од регуларната сезона, меѓу кои најголемото дерби во историјата на хокејот, Монтерал-Торонто, вечерва почнува новата сезона во Професионалната хокеарска лига (НХЛ).

Оваа сезона ќе одбележи почеток на нова ера во НХЛ, откако водечките луѓе на лигата одлучија 30-те екипи од сезонава да бидат поделени во нови четири дивизии, наместо досегашните шест. Дополнително, еден од најмаркантните тимови во историјата на НХЛ, Детроит ред вингс, од сезонава ќе бидат префрлени во Источната конференција, наместо како досега да играат на Западот. Овие промени се очекува да донесат поинтересни дуели и поатрактивни дербија, со обновување на ривалството меѓу Детроит и Монтреал во Атлантската дивизија, како и пресметките меѓу двете најголеми ѕвезди на денешницата, Александер Овечкин (Вашингтон кепиталс) и Сидни Крозби (Питсбург пингвинс) во новата Метрополитан дивизија.

Најголеми фаворити за освојување на Стенли купот и оваа сезона остануваат актуелните бранители на титулата, Чикаго блекхокс, кои не само што го задржаа костурот на тимот од лани, туку и додадоа неколку квалитетни играчи. Доколку се случи Хокс повторно да го подигнат пехарот во јуни, тоа ќе биде првпат по 1998 година ист тим да ја освои шампионската титула две години по ред. Во врвот се очекува да бидат и Пингвините, предводени од ѕвездениот тандем Крозби – Евгениј Малкин, а меѓу фаворитите се и шампионите од 2011 година и ланските финалисти, Бостон бруинс.

Интересен момент оваа сезона ќе биде новиот прекин на регуларниот дел поради Зимските олимписки игри во Сочи, Русија, каде на радост на сите љубители на хокејот повторно ќе ги гледаме најталентираните хокеари во светот. По договор меѓу НХЛ и Интернационалната хокеарска федерација, од 9-ти до 25-ти февруари ќе има прекин на сезоната и сите ѕвезди, предводени од Крозби, Овечкин, Павел Дацјук, Хенрик Зетерберг, Џонатан Тоевс, Стивен Стамкос и други, ќе се преселат во Сочи на уште една врвна пресметка која ќе биде уживање за стие хокеарски мераклии.

Додека пак македонските љубители на хокејот и оваа сезона ќе ги следат настапите на убедливо најдобриот Македонец кој некогаш облекол лизгалки, Стивен Стамкос. Тој минатото првенство го заврши на второто место по бројот на поени (57) зад својот колега од Тампа Беј лајтнинг, Мартин Сент Луис (60) и по бројот на голови (29), зад Овечкин (32). Се очекува сезонава Стамкос повторно да биде во врвот на НХЛ, по индивидуалните остварувања, што за него се очекуваше уште кога беше избран Лајтнинг како прв пик на драфтот во 2008 година. Стамкос (23) досега веќе два пати го освои трофејот Морис Рокет Ришар, како најдобар стрелец во лигата (2010, 2012) и е двократен учесник на Олстар-натпреварот (2011 и 2012). Уште еден врвен хокеар со македонско потекло кој сезонава ќе игра во НХЛ е капитенот на Флорида пантерс, Ед Јовановски. За ветеранот Јовановски (37), кој во 1994 година беше избран како прв пик на драфтот, а во 2002 стана олимписки шампион со Канада, ова ќе биде 19-та сезона во НХЛ во која ќе се обиде да им помогне на Пантерс да влезат во плејофот.

Самоил Петрески

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.