„Роденден“ на МКЦ

Младинскиот Културен Центар (МКЦ), најбитната институција од областа на културата, со долго годишно искуство во поттикнување, развој и афирмирање на творештвото на младите генерации од сите културни сфери, во сабота на 17-ти јануари, го одбележува првиот настан во новата 2015 година – токму неговиот „Роденден“.

Влезот е слободен за целата роденденска програма.

Во галеријата МКЦ ќе биде поставена изложбата насловена „Простор, Човек, Симбол” на Александар Станкоски.

Со поетско-сценскиот перформанс „Песнило“, во кино-салата Фросина ќе настапат повеќе од 20 поети: Владимир Котески, Ивана Стојковска, Игор Трпчески, Цветанка Колева, Васил Божикалиев, Слаџана Шимрак, Васко Маглешев, Драгица Јорданоска, Даниел Карески, Снежана Стојчевска, Андреј  Ал-Асади, Љупка Антеска, Кристијан Јорданов, Ана Стојаноска, Мартин Богатиноски, Ева Петрушевска, Митко Гогов, Николина Василевска, Перо Сарџоски, Стефан Марковски, Иван Шопов, Александар Станојков, Дончо Мишовски.

Во салата 25 Мај, настапуваат домашните музички состави: Siz, KNNT, Autmind, Susijat, Fighting Windmills. Музичката селекција во бифето на МКЦ ќе ја вршат Саша Павловиќ, Соња Исмаил и Шурбе(ира).

За љубителите на филмската уметност во киното „Милениум“ ќе има бесплатен 24-часовен филмски маратон.

Видео прилог: последниот концерт на музичкиот состав ХАХАХА, 26-ти декември, 2014, МКЦ - Скопје
Камера: Кочо Сотировски
Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.