Земјотрес 2 – Фестивал на независна музика

21 изведувач, 9 независни издавачки куќи, 3 стејџа, 1 локација… Земјотрес 2 – фестивал на независна музика!

Во сабота,  1 февруари 2014, во Младинскиот Културен Центар ќе се одржи вториот по ред фестивал на независна музика – Земјотрес 2. Ентузијазмот, радоста и позитивната енергија, по минатогодишната прва инсталација на овој фестивал беа очигледни, како кај публиката и посетителите, така и меѓу изведувачите, издавачите и организаторите. Да се организира и реализира еден ваков настан е повеќе од значајно, а присуството на истиот  – задолжително.

Почетокот на фестивалот е закажан за 20.00 часот, а влезот ќе биде отворен час порано. На истиот ќе настапуваат: A Venus Fly Trap, Bernays Propaganda, Canon, Dok7 punx, Демек, Душко Јаневски, Ego Disco, Funk Shui, Galatheia, Gears, La Colonie Volvox, Leitmotif, Мирко Попов, Nerd Arena Crew, Noviot Pochetok, PMG Kolektiv, Роботек, Shoen.,SPANK (Промоција на албум), TV Rage, VVhile.

PMG RECORDINGS, НАПРАВИ ЗАЕДНО, SIXTYNINE RECORDS, KRAN RECORDSE GO EAST RECORDS, 22 RECORDS, GREEN HILL RECORDS, GORILLA 92  и ШАРЛА , се независните издавачки куќи кои го организираат овој настан. Во текот на фестивалската вечер ќе може да се набават нивните изданија на базарот кој ќе биде поставен, што пак е одлична можност за поддршка на бендовите и изведувачите, и воопшто, на македонската независна музичка сцена.

Распоред на настапите:

Бифе
20:00 – 20:20 Leitmotif
21:10 – 21:30 Tv Rage
22:20 – 22:40 Funk Shui
23:10 – 23:40 Spank (Промоција на албум)
00:10 – 00:30 Shoen
01:00 – 01:20 Gears
01:50 – 02:20 Dok7 (RS)

Денсинг сала
20:40 – 21:10 Canon
21:50 – 22:20 La Colonie Volvox
22:40 – 23:10 VVhile (RS)
23:40 – 00:10 Bernays Propaganda
00:30 – 01:00 PMG Kolektiv
01:20 – 01:50 Noviot Pochetok
02:20 – 02:50 A Venus Fly Trap

Techno stage
20:20 – 20:40 Nerd Arena Crew
21:30 – 21:50 Демек
21:50 – 04:00 Мирко Попов / Душко Јаневски / Роботек / Galatheia

Викенд програмата на Канал 103 ќе биде посветена на Земјотрес 2, а истата може да се следи и online.

27924_678338305540446_1233366746_n

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.