Тотално опуштање во живо на Канал 103

Недела, 22 декември, 22 часот

Оваа недела во рамки на серијалот Ако никој не свири, во живо на Стотројка ќе настапат скопските рок ветерани Тотално опуштање. Бендот кој прославува 20 години постоење моментно го сочинуваат Марјан Китановски (вокал, гитара), Владимир Стојчевски (бас) и Ристо Јанковски (тапани).

 Тотално опуштање се оформени есента 1993 година и се производ на имагинацијата на нејзиниот пејач, кој сакаше да направи многу добра тезгарска група, со која ќе собира пари. Меѓутоа се случи да направи сојуз со двајца свои истомисленици, со кои влезе во филм на рок-музиката, кои самите го нарекуваат „дивјаштво“. Веднаш почнаа со голем успех да ја шират рок-идеологијата низ земјата. Тоа го постигнуваа со повеќе од 100 настапи и гостувања по разни радио и ТВ-емисии.

Неодамна го издадоа нивниот петти албум „А во слободно време“, достапен за слободно преземање. Одбележувањето на јубилејот ќе го зокружат со официјална концертна промоција на албумот, на 27 декември во МКЦ.

 

Totalno opushtanje @ Kanal 103 - poster design by Vladimir Lukash

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.