Стотројка го слави својот 23-ти роденден!

23 години искра светлина од мрачните лавиринти на МРТВ зрачи во етерот. 23 години во кои култното скопско радио станува носечкиот столб на домашната независна музичка сцена. Стотројка организира роденденска дружба во чест на истата.

1-ви мај 1991 година е денот кога Канал 103  ја започнува својата приказна. 23 години подоцна, 30 април 2014, со почеток од 18.00 часот, ќе се случи слободен настан на платото пред Младинскиот Културен Центар, на кој ќе присуствуваат повеќе генерации Стотројкаши. Предвиден е целовечерен македонски музички избор, маркет на независни издавачи, проекција на Стотројкашки филмови, slide show документ за скопската урбана култура, како и фри сешн на кој учество ќе земат 23 истакнати музичари од независната сцена. И сето тоа под отворено небо.

Можеби највозбудливиот дел од вечерта ќе започне во 21.00 часот. По долги 3 години, фриформ сешнот “Е’н, 2, три… 103!” кој за првпат се одржа на 20-тиот роденден на радиото, се враќа на местото на настанот. 23 музичари за 23 години Стотројка. Дел од сешнот ќе бидат Тејка Васиљевиќ, Владимир Настевски, Марко Ковачевиќ, Мите Димовски, Деан Змејкоски, Сеад Хаџиќ, Филип Тасевски, Ивица Димитријевиќ, Горазд Чаповски, Синиша Евтимов, Соња Димитриоска, Драган Гиновски, Теодор Бошков, Саша Павловиќ, Александар Балдазарски и многу други.

Надвор од државните регулативи и концесии, физички сместена во Македонската Радио-Телевизија, Стотројка прерасна во културно движење на јавен медиум чија концепција е да промовира музички вредности, прогресивна уметност и слободна мисла. Ова е настан кој едноставно не смее да се пропушти. Одлична можност за дружење, забава, славење на македонската музика, но и одлична можност да се поддржи независната музичка сцена. Како што велат организаторите: „ Дојдете, донирајте и наздравете за вашето радио. И покрај сè, Стотројка… Една љубов!

 

10255776_10152066474718008_82894746922769476_n

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.