Sleet во живо на Канал 103

Недела, 8 Јуни. 22 часот

Во најновото издание на радио серијалот Ако никој не свири… во глувата соба на Канал 103 концерт ќе одржи македонската хип-хоп артистка Sleet (Слит).

 Sleet своите почетоци ги има во 2002 година, а првата песна ја снима во 2008 година. Таа се истакнува како прв женски рап артист со сопствен албум – „Furor Poeticus“ – самостојно издаден во 2012 година, а снимен и продуциран од страна на T-Ghost („Герила“, „Подземан ефект“). Албумот се одликува со бум-бап звук и текстови кои извираат од „првиот град на Вардар“. Дел е од првата македонска женска компилација „Некои девојки“ која се појави неодамна.

 Тон мајстор на концертот ќе биде Ненад Тонкин, а истиот може да се следи и онлајн на: www.kanal103.com.mk

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.