Поклон! во живо на Канал 103

Недела, 1 декември, 22 часот

Уште една концертна премиера во радио серијалот Ако никој не свири.. во живо на Стотројка. Оваа недела во глувата соба на Канал 103 ќе настапи новиот музички проект, насловен Поклон!

Поклон! е креативна дружба на неколку музичари и уметници, веќе добро познати на македонската културна сцена: Владимир Лукаш (гитара); Вук Митевски (тапани); Сашко Костов (гитара, тапани); Јордан Костов (мелодион, клавијатури, хармоника) и Ѓорѓе Јовановиќ (дромбула, вокал).

„Музиката на Поклон! е спој на стилови својствени за школски приредби, која е планирана да се изведува за време на најголемите несвечености познати на лемурите и хималајските кози. Кога Поклон! свират, мачките на комшиите извршуваат харикири со клуновите на зборливите папагали; тетките кои прават запршки почнуваат да жонглираат со кромидот, а децата во градинка ја ставаат восптувачката во вреќа и му ја праќаат како поклон на претседателот на една африканска држава.“

Тон мајстор на радио концертот е Бојан Угриновски.

Онлјан стриминг на веб страната на Канал 103.

unnamed

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.