„Опасности од компензација“ – предавање на Фабио Матиоли

Четврток, 22 мај 2014 со почеток во 20 часот, во бифето Галерија 7 во Старата скопска чаршија ќе се одржи предавање на Фабио Матиоли, на тема „Опасности од компензација“. Настанот е во организација на ЦИНИК Центар за истражување на национализмот и културата .

Како е возможно земјата која е рангирана како една од најсиромашните во Европа, со просечна плата од 380 евра месечно и преку 30% невработеност, во исто време да биде место на кое што се случува голем „градежен бум“? Од каде доаѓаат парите кои го финансираат градежниот подем? Ова предавање ќе се осврне на еден парцијален, но сепак очигледен одговор: пари нема. Наместо тоа компаниите се ослонуваат во голема мера на „добра размена“ или форми на „порамнување“ кои локално се познати како „компензација“.

Предавањето ќе биде на англиски јазик и ќе се фокусира на недостигот на ликвидност на градежниот сектор (како репрезентативен сектор за недостигот на пари во земјата) и неговите импликации за општествените односи. На овој начин, ќе биде разгледан феноменот на „компензацијата“ од гледна точка на економската антропологија.

*******

Фабио Матиоли е докторант по антропологија при „City University of New York“. Претходно завршил додипломски студии по политичка филозофија на Универзитетот во Фиренца (Италија), како и магистерски студии по социјална антропологија при „Ecole des Hautes Etudes en Sciences Sociales“ (EHESS, Париз, Франција). Извесно време Фабио помина и како визитинг истражувач на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Тој е заинтересиран за прашања од економска антропологија, урбана антропологија, естетика, пост-социјализам и етницитет. Малку е познато дека неговиот најголем сон е да научи како се подготвува бурек.

10313134_287474381414257_2673504897584224327_n

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.