„Немаме работа. Си садиме малко тутунче.“ –   предавање на д-р Миладина Монова

Центарот за истражување на национализмот и културата (ЦИНИК) го најавува предавањето на д-р Миладина Монова насловено: „Немаме работа. Си садиме малко тутунче: Економија на домаќинствата и ритуални прослави во македонски град.

Предавањето ќе се одржи во кафе-книжарницата Магор, на 19 јули 2014, со почеток од 20 часот. Предавањето ќе биде на англиски јазик, без обезбеден превод.

Оваа презентација ги истражува промените во рамки на економијата на домаќинствата во постсоцијалистички Прилеп, како и начините на кои овие трансформации отсликуваат промени во семејните и ритуални односи. Во контекст на економски тешкотии, поранешните фабрички работници кои имаат повремена работа, често во сивата економија, се повлекуваат во економија на домаќинства. Поради тоа, тие повеќе се потпираат на сродни и пријателски односи отколку што тоа го правеле за време на социјализмот. Растењето тутун е сезонска активност на многу прилепски домаќинства. Но, не е само економски одговор на цикличната социјална потреба за пари. Прашани за нивните начини на трошење, или како приходите се распределуваат за различни буџети, главешините на домаќинството систематски ги одредуваат ритуалните прослави со висок приоритет. Сепак, луѓето не сакале да го редуцираат бројот на прослави кои ги одредиле како „неизбежни“ и „скапи“.

Во оваа презентација, ќе покажам дека ако се повеќе домаќинства во Прилеп комбинираат фабричка, или повремена работа со домашно растење тутун, тоа е така бидејќи мораат повеќе да инвестираат во ритуални активности. Домаќинствата мора да соберат пари за ритуали, кои за возврат обезбедуваат социјални односи кои овозможуваат пристап до работа во индустриската сфера и пошироката економија.

*******

Миладина Монова е доктор на науки по социјална антропологија, со дисертација на École des Hautes Études en Sciences Sociales, Париз, насловена “Roads of Exile, Narratives of No Return: Aegeans in the Republic of Macedonia”. Нејзиниот моментален академски интерес е во полето на економската антропологија, а нејзиниот фокус во минатото бил во рамки на студиите на бегалци, воени идентитети, прекугранични и сродствени односи, колективна и индивидуална меморија и искористување на минатото во Балканските земји (Грција и Македонија).

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.