„Луѓе како нас“ – ден посветен на планинското трчање

Со голема поддршка од  „Планинскиот филмски фестивал Ехо“, во соработка со здружението TREX и ПСД Макпетрол, на 4-ти Април се организира настан кој ќе биде целосно посветен на планинското трчање. Настанот ќе се одвива во кино Фросина во Младинскиот Културен Центар, со почеток од 18 часот и ќе биде одлична можност за промоција и подобро запознавање со овој спорт. Четиричасовната програма вклучува кратки видеа и филм, како и гостување на ултра-маратонецот Јовица Спајич од Србија, кој минатата година ја трчаше најтешката трка во светот, маратонот во Сахара. Шест дена, пет етапи, 258 километри. Трка која бездруго е мечта на секој ултра-маратонец. Модератор на програмата ќе биде Трајче Панковски. Еве што вели ултра-маратонецот Светлана Стојановска, член на TREX, за идејата да се организира еден ваков настан:

Се’ започна оној ден кога заклучивме дека сакаме нешто повеќе од класичното улично трчање. Се одлучивме за нова авантура и поголем предизвик. Главната инспирација ја даде Трајче Панковски, долгогодишен планинар и ултра трејл тркач.
 
Започнавме со учество на ултра плус маратонот на Фрушка гора 111 км со 4200 м Д+. Во 2011 г. Трајче, заедно со Жикица Ивановски и Зоран Димов, учествуваше и на lavaredo ultra trail  87 км со 5300 м  Д+.  По првата трка сфативме дека е возможно да се поминат 111 километри искачувајќи се и спуштајќи се по планини, за помалку од 24 часа. Во нас почна да се раѓа љубопитност и желба за учество и на други трки.
 
Инспирирани од убавините на природата и од луѓето кои се занимаваат со овој спорт, одлучивме да организираме фестивал посветен на планинското трчање. Сакаме луѓето повеќе да се запознаат спортот и да  ја откријат магијата што ние ја откривме пред неколку години.
 
Преку видеата кои ќе бидат презентирани од разни краеви на светот, ќе имаме супер можност да се запознаеме со луѓе како нас – кои организираат трки, се натпреваруваат, или едноставно уживаат во трчањето по планинските патеки, поминуваат долги растојанија по пустини, се подготвуваат во своите блиски локалитети ,и покрај разно-разните секојдневни обврски – го работат овој спорт со голема љубов и посветеност и тивко, но моќно инспирираат!

Никулец

Ако барем малку за него сте слушнале, а да се слушне има толку многу, за секаква извондредна приказна сте спремни. Висок старец со светлно сини очи, со ситни очила поткачени на поткривениот нос, долга, златникава брада педантно потпикната во појасот и задреманиот був Лазар на рамото. А на ликот – годините и мудроста, отцртани. Оној кој велел дека различните навики ништо не значат. Кој свои истомисленици собрал за училиште со отворени срца да создаде кое денес името негово го носи.